Ја добила работата благодарение на креативно видео

Студентката Олга Шебез од Зрењанин, која студира трета година на Факултетот за организациски навики во Белград, бара работа и тоа не било каква, туку работа која ќе ја исполнува. Така, видела оглас во една on-line агенција за позиција комјунити менаџер и ја добила благодарение на оригиналното видео кое го испратила наместо класична апликација.

ja-dobila-rabotata-blagodarenie-na-kreativno-video-1

„На фејсбук страната на компанијата  видов оглас за практиканти, кој многу ми одговараше. Зошто да не? Покрај стандардно CV беше потребно да се испрати и видео во кое за една минута требаше да се објасни зошто баш мене би ми ја дале таа работна позиција. Во принцип, лесно е...си правиш видео и го испраќаш, но како да те запомнат баш тебе во купот од видеа беше најтешкиот дел кој морав д аго сработам. Веднаш замислив дека на повеќето видеа луѓето само ќе седнат пред камерата и ќе си ја прераскажат биографијата и тогаш одлучив дека јас нема да го направам тоа. Одлучив дека е најдобро да се покажам каква сум на друштвените мрежи. Да ги покажам своите профили, онакви какви што се. Така видеото не беше само формално, туку ме отсликуваше онаква каква што сум. На непосреден начин се прикажав себе, својата отвореност и карактеристики. После тоа следеше интервју кое тешко ми падна бидејќи се чувствував како тие луѓе веќе да ме познаваат бидејќи ги пуштив да прошетаат низ мојот живот. Бев нервозна бидејќи е најтешко да зборуваш за себе и зошто си ти најдобар, но видеото си ја заврши работата одлично и така сега сум една од првите 4 вработени во ова студио“- вели Олга.

Би можело да ве интересира:

„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Пензионерки убивале бездомници за пари од осигурување во 2000-тите: Детали за убиствата на „црните в... Кога биле во доцните 60-ти од животот, Хелен и Олга убиле бездомник и од животно...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...

Најчитани неделава