Најубавите песни од цртаните на Дизни кои никогаш не сте ги слушнале

Постојат многу убави песни снимени за потребите на анимираните цртани на Дизни кои никогаш не го виделе светлото на денот, било заради промена на приказната, било заради потребата да се заштеди на време или отсранување на некој од ликовите. Но, како и да е некои од нив се навистина прекрасни и вреди да ги слушнете.

najubavite-pesni-od-crtanite-na-dizni-koi-nikogash-ne-ste-gi-slushnale-1

18. “To Be King” - The Lion King

Наменета како соло за Муфаса каде што го учи Симба за тоа како да го води кралството.


17.
“I Knew I Belonged to Her” - The Jungle Book

Песна за моментот кога животните одлучуваат дека Могли сепак мора да се врати кај луѓето.


16. “I Can’t Believe My Heart” – Hercules

Оригиналната песна требало да го покаже заљубувањето на Мегара во Херкулес. Оваа песна е заменета со песната „I Won’t Say I’m in love“ , бидејќи авторите сметале дека претходната не е доволно женска балада.


15. “Never Smile at a Crocodile” - Peter Pan

Можеби најпознатата песна која е избришана од цртан филм, е токму оваа, напишана за Петар Пан. Наместо во овој цртан, песната се појавува во „The Muppet Show“.


14. “Dancing on a Cloud” – Cinderella

Оваа песна е направена за сцената каде принцот и Пепелашка танцуваат, но е заменета со песната „So This Is Love.“


13. “Music in Your Soup” - Snow White

Песната е направена за сцената каде Снежана ги тера џуџињата да се капат, но никогаш не е поставена во филмот.


12. “I’m Odd” - Alice in Wonderland

Напишана е за претставувањето на Чекширската мачка, но се покажала непотребна, па е отстранета. (Одете на 2:30 за да ја слушнете.)


11. “Riddle Diddle” - Sleeping Beauty

Песната е наменета да биде отпеана во сцената каде самовилите се подготвуваат за роденденот на Аурора.


10. “Call Me a Princess” – Aladdin

Песната е наменета за претставување на Принцезата Јасмин, но е тргната бидејќи ја претставува принцезата како разгалена, досадна и ужасна.


9. “One Dance” - The Little Mermaid

Солото на Ариел кое е заменето со легендарната „Part of Your World.“


8. “Snuff Out the Light” - Emperor’s New Groove

Песна на правена за заплетот каде Изма треба да стигне до сонцето за да добие моќи на вечна младост, наместо да го краде престолот за себе.


7. “Dancing to the Wedding Drum” – Pocahontas

Песна направена за делот каде Похаконтас се мажи. Бидејќи овој дел е отстранет, отстранета е и песната.


6. “You Can Count on Me” – Aladdin

Музиката и текстот се направени од Алан Менкен, по смртта на претходниот композитор и текстописец Хауард Ашман.


5. “Keep ‘Em Guessing” – Mulan

На крајот, Еди Марфи толку многу придонесе за ликот и карактеристиките нa Мушу, што најавна песна не беше потребна.


4. “If I Never Knew You” – Pocahontas

Песната е снимена за 10 годишнината на овој филм и е прекрасна љубовна балада.


3. “Human Again” - Beauty and the Beast

Оригинално оваа песна е направена за сцената каде Бела и Ѕверот го читаат Шекспир во читалната.


2. “The Working Song” – Cinderella

Песна која треба да оди веднаш по сцената каде лошата маќеа и кажува на Пепелашка дека може да дојде на балот само ако претходно ги заврши сите куќни обврски.


1. “Proud of Your Boy” – Aladdin

Појавувањето на мајката на Аладин е отстрането во интерес на времето, па така и оваа песна.

Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во рес...

Најчитани неделава