22 најдобри чувства во животот

Животот е прекрасна приказна од насмевки и спомени вредни за паметење проследени со безброј позитивни чувства.

23-najdobri-cuvstva-vo-zivotot-01

Колку и да мислите дека вашиот живот е тежок и комплициран, сведок сте на овие позитивни чувства секојдневно.

1. Кога ќе се јавите во својот омилен ресторан со достава, на една минута пред затворање, од таа страна ве пречекува насмеана особа кој со задоволство ќе ја прими уште вашата нарачка, последна за денес. Непроценливо!

2. Кога ќе запознаете некоја згодна личност и веднаш помислувате „Кога-тогаш ќе имаме секс“, а всушност сценографијата во мозокот ви предизвикува поубави чувства отколку реалната слика.

3. Чувството кога за прв пат облекувате нова долна облека која совршено се припива за вашето тело. Никогаш повеќе нема да биде толку совршено точна!

4. Кога за време на потрагата по совршени чевли, го земате последниот пар во продавницата од моделот кој ви изгледа како создаден за вас и 10 секунди се молите да е вашиот број... И навистина е!

23-najdobri-cuvstva-vo-zivotot-1

5. Оргазам кој изгледа како никогаш да не завршува.

6. Пронаоѓањето на фризер кој кога и да отидете, какво шишање и да посакате, секогаш ќе ви го погоди.

7. Кога температурата под туш е совршено избалансирана, токму онаква каква што сакате.

8. Кога го земате оној долго очекуван бонус или подарок картичка која само треба да ја потрошите.

9. Моментот кога ќе ги здогледате вашите родители по долго отсуство од дома, колку и да ви се чинат неподносливи.

10. Кога некој ќе ви подари нешто што навистина очајно го посакувате! А, не се ни надевате дека некој ќе погоди дека тоа е идеалниот подарок.

11. Потсетувањето дека имате цел неотворен сладолед во фрижидерот. А чоколадниот прелив и сушеното овошје е бонус!

23-najdobri-cuvstva-vo-zivotot-2

12. Безгрижното спиење сосема голи е и повеќе од совршено.

13. Кога во огледалото гледате поубав одраз отколку што очекувавте.

14. Мејловите кои изобилуваат со пофалби и убави зборови се нешто што секојдневно може да ви изнуди насмевка.

15. Кога конечно ќе го совладате стравот кој мислевте дека е најстрашната работа што може да ви се случи.

16. Заспивањето до личноста која ја сакате!

23-najdobri-cuvstva-vo-zivotot-3

17. Пакувањето за одмор од соништата е секогаш најомилената летна активност. А возбудата помешана со скокот во стомакот? Најубаво чувство!

18. Легнувањето во кревет веднаш по топол туш кое ве враќа неколку години наназад, кога заспивавте мирно и безгрижно.

19. Кога ќе се разбудите неколку часа порано од предвиденото, а се чувствувате наспани за следните 3 дена.

20. Совршено подготвеното кафе, вкусниот појадок или чашата црно вино кое е како правено по ваши стандарди е нешто најубаво што може да ви се случува секојдневно!

21. Чувството кое го буди пицата со совршена количина на кашкавал, салама и кечап.

22. Кога сте заглавени во оние непредвидливи моменти и размислувате за животот кој го имате пред себе, шансите кои допрва ве чекаат и позитивните нешта кои ве опкружуваат.

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg