Се гадите од влакна во вашиот оброк? Ова уште повеќе ќе ве шокира!

Незгоди се случуваат. Затоа што храната не ја одгледуваме во лабораториски услови, има шанса да толерираме некои пропусти.

samo-za-jaki-stomaci-najgroznata-hrana-nekogas-pronajdena-001

Сепак, постојат и случаи кои се едноставно премногу бизарни.

Похована кокошкина глава

Кој рече дека во МекДоналдс нема вистинско месо? Американката Кетрин Ортега за своите деца купила по еден Хепи меал оброк, но тогаш нејзината ќерка не сакала да ги изеде пилешките крилца кои биле во порцијата. Откако решила да ја преземе работата во свои раце... Налетала на испржената кокошкина глава.

Во ресторанот никој не знаел како да го објасни ова. Менаџерот и понудил 2 недели бесплатни оброци, но наместо тоа, мајката побарала оштета од 1000 долари на суд.

samo-za-jaki-stomaci-najgroznata-hrana-nekogas-pronajdena-01


Мртва жаба во лименка диетално Пепси

Фред ДеНери правел скара со своите пријатели кога посегнал за лименка ладно Пепси. Се обидел да отпие голтка, но наместо тоа се згрозил... Кога се обидел да ја истури течноста од лименката, во неа забележал нешто слузаво. Повикал надлежна инспекција за да извршат анализа, по која било заклучено дека има мртва жаба.

Во Пепси не знаеле како е тоа возможно и истакнале дека брзината на нивното производство не дозволува нешто да падне во лименката.

samo-za-jaki-stomaci-najgroznata-hrana-nekogas-pronajdena-02


Повторно жаба, но овој пат замрзната

Пред три години, Трим Хофман и неговата сопруга пронашле жаба во кеса со замрзнат зеленчук која ја купиле во локалната продавница. Жабата очигледно е замрзната пред вакумирањето.

Сепак, затоа што госпоѓа Хофман го купила зеленчукот за нивното кутре кое било на посебна исхрана, не се пожалила.

samo-za-jaki-stomaci-najgroznata-hrana-nekogas-pronajdena-03


Измет во сладолед од чоколада

Човечки измет е пронајден во сладолед од чоколадо, послужен на петчлено семејство во еден хотел во Сиднеј. На Џесика Вајт по сладоледот и се слошило, а готвачот и менаџерот доброволно биле дел од испитувањето за да докажат дека тие не се никако поврзани со оваа случка.


Мртов глушец во леб

На глодарот му недостасувал опашот, што значи постои ризик и некој веќе да го изел. Форс, човекот кој го купил овој леб, мислел дека е нешто од самото печење, некое затемнето ќоше, но откако исекол една кришка забележал крзно насекаде.

Произведувачите на лебот се казнети со 16.821 фунта.

samo-za-jaki-stomaci-najgroznata-hrana-nekogas-pronajdena-04

samo-za-jaki-stomaci-najgroznata-hrana-nekogas-pronajdena-05


Чуден прст во сос од артичок и спанаќ

И после ќе ви кажат хранете се здраво! Ендрју Бродски купил пакување од ваков сос и навалил на него без размислување, а тогаш забележал нешто чудно. На кое животно му припаѓа овој прст, никогаш не докажано.

samo-za-jaki-stomaci-najgroznata-hrana-nekogas-pronajdena-06

Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg