Времето на раѓање го одредува вашиот карактер

Од астролошки аспект, вашиот карактер и енергија се одредуваат преку многу фактори. Помеѓу еден од поважните е токму часот на раѓање кој се верува дека најмногу влијае на тоа дали сте мирни, страствени или оптимисти.

vremeto-na-raganje-go-odreduva-vasiot-karakter-01

Поделени се шест различни временски зони во текот на еден ден.

Првите се оние родени од полноќ до 4 часот наутро, вторите од 4 до 8 наутро, третите од 8 часот до пладне, четвртите од пладне до 16 часот, петтите од 16 до 20 часот и последните од 20 часот до полноќ.

Навечер се раѓаат вечни сонувачи

Луѓето родени во првата фаза имаат незапирлив дух, голема фантазија и чувствителност. Понекогаш имаат проблем со соочувањето со реалноста, но верни се на своите идеали кои уште од млади не ги менуваат. Често се двоумат меѓу своите цели, заради што стануваат немирни. Сакаат да го пренесуваат знаењето на другите.

Децата родени во зорите се најупорни

Луѓето родени помеѓу 4 и 8 часот наутро се упорни со што и да се занимаваат. Тие се вечни практичари и тешко е да ги изненадите – како да се однапред подготвени за сите потешкотии во животот. Огромна желба им е да го остварат она за што другите сонуваат, а во тоа вложуваат многу голем труд. Најчесто се интелигентни, но тоа не им носи голема материјална корист.

Претпладне се раѓаат оптимисти и филозофи

Луѓето родени меѓу 8 и 12 часот се весели и секогаш расположени за забава. Амбициозни се и имаат големи шанси да успеат на работно поле, а во приватен живот се вечни оптимисти. Сакаат да ја откриваат суштината на животот и да филозофираат за неа, а поседуваат и огромен број на уметнички таленти.

Попладне се раѓаат енергични и креативни деца

Со жив дух и љубопитни по природа – ова е најдобриот опис за оние кои се родени во овој дел од денот. Создадени се за да бидат учители, математичари и големи говорници. Во меѓучовечките односи склони се кон конфликти, но без нив животот би им бил многу здодевен.

Доцна попладне е времето на скитниците

Луѓето родени од 16 до 20 часот се одликуваат со немирен дух кој постојано ги води кон нови и непознати ситуации. Тие се друштвени бунтовници, а нивната енергија е незаменливо богатство. Сепак, негативните последици како нервози и мачнини им се доста познати. Иако сè сакаат да направат со брзината на светлината, речиси секогаш имаат план, па немаат потреба да се занимаваат со мислење за иднината.

Луѓето родени навечер се полни со самодоверба

Луѓето родени доцна во ноќта по природа се лидери, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Полни се со самодоверба и тешко се предомислуваат. Најмногу патат кога егото им е повредено. Специфични се по тоа што им е неопходно одредено време само за себе, за да ги организираат своите мисли и да соберат нова енергија за нови предзвици.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg