Тони Зен заработувал како аниматор во турски хотел!
Колку и да не е за верување, сепак е вистина. Во новата епизода од шоуто Еден на Еден, Тони Зен открива дека две години работел како аниматор во турски хотели!

Овој досега непознат период од неговиот живот се случил во истиот период кога дома почнал се повеќе да станува познат неговиот прв хит Скопје е мој град, а најинтересно е тоа што Тони за тоа не знаел ништо.
Во најавата која денеска беше поставена на YouTube, Тони кажува дека тоа бил исклучително тежок период од неговиот живот кога живеел во неподносливи услови и дека едвај чекал да се врати назад.
Но, според видеото имало и некои жени кои му помогнале да го преброди истото…

Се на се, ветување за одлично интервју оваа недела во 20.40h на тв Алфа.
Гледајте ја новата епизода од Еден на Еден сезона 5.