Вкусен пудинг: Јаболки во крем

Јаболките се едно од овошјата кои сè уште може да се најдат на пазарите или во подрумот на вашата баба. За да не мора да ги јадете само нив, може да си подготвите интересни и вкусни рецепти во кои ќе ги искористите. Еден таков сочен рецепт е овој пудинг со јаболка во крем.

vkusen-puding-jabolki-vo-krem-01

Потребни состојки

За чоколадниот крем:

  • 4 жолчки
  • 2 лажички шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 1 лажичка какао
  • ½ лажичка цимет
  • 250 мл млеко
  • 4 тенки парчиња желатин
  • 250 мл изматена слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер

За кремот од јаболка

  • ½ кг јаболка
  • ½ чаша шеќер
  • 4 белки
  • ½ лимон
  • 1 кесичка желатин

За преливот

  • 200 гр темна чоколада
  • 50 гр путер
  • 3 лажички млеко

Подготовка

Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги чоколадото, какаото, циметот и топлото млеко. Мешајте на пареа 3 минути. Во жешкиот крем додадете го желатинот, претходно потопен во ладна вода. Оставете го кремот да се излади и пред да се желатира додајте ја изматената павлака засладена со ванилин шеќер. Чоколадниот крем сипете го до половина чаша и оставете го да се излади.

Јаболката испечете ги во рерна, изладете ги и испасирајте ги. Цврсто изматете ги белките со шеќерот, додајте кора од лимон, сок од лимон, кесичка желатин растопена во малку млака вода и сето тоа измешајте го. Оваа смеса сипете ја преку чоколадниот пудинг и ставете го во фрижидер добро да се излади.

На пареа стопете ја чоколадата, додајте го путерот и млекото, па пред да го послужите добро измешајте и обилно нанесете го преку пудингот.

Може да украсите дополнително со шлаг.

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Чудни детали од земјите ширум светот - автомат за колбаси, нудли со кофеин за гејмери (фото) Знаевте ли дека наместо со шеќер, во Иран чајот традиционално се служи со вид на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg