Зошто некои луѓе не разликуваат лево и десно?

Сите како деца учиме да разликуваме лево од десно, но многу возрасни луѓе никогаш не успеваат да ја усовршат оваа способност.

zosto-nekoi-luge-ne-razlikuvaat-levo-i-desno-02.jpg

Не, не е дека тие се природно глупави, работите се многу посложени.

Способноста да разликувате лева од десна страна всушност е комплициран невро-психолошки процес во кој истовремено се вклучуваат повеќе мозочни функции.

Спојувањето на визуелните, јазичните и слушачките информации во комбинација со памтењето ја создава перцепцијата дали се работи за лева или десна страна.


Погрешно вртење на автомобилот и други грешки кои се случуваат

Ако свртите лево наместо десно нема да ви остави некакви трајни последици, но погрешната страна во текот на некој хируршки зафат може да биде со трагичен крај.

Заради такви грешки се случувало на пациентот да му биде изваден погрешен бубрег или да му биде ампутирана погрешна нога. Можеби звучи неверојатно, но тоа е вистината.

Научно е докажано дека конфузијата на лева и десна страна многу почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите кои главно имаат подобра ориентација во просторот.


Одвлекување на внимание

Луѓето кои инаку со леснотија ги разликуваат страните, кога се преоптоварени со информации имаат проблем да одредат дали е лево или десно. Многубројни истражувања покажуваат дека одвлекувањето на внимание е сериозен фактор кој влијае на способноста за разликување на страните.

Луѓето кои имаат постојан проблем да ги разликуваат страните, често развиваат техники кои им помагаат во одредени ситуации. На пример, некои прават латинично L со прстите. Она кое е правилно свртено, таму е левата страна.

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg