Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како државите ги добиле своите имиња?

Истражувачите кои ги именувале земјите и ги откривале, користеле делови од легенди и суеверија како инспирација.

Kako-drzavite-gi-dobile-svoite-iminja

Ова се неколку приказни за тоа како државите ги добиле своите имиња:

Кина

Најнаселената држава во светот има бројни имиња. Зборот "Кина" сам по себе е изведен од Чин династијата, формирана од страна на првиот император. Другото име, "Cathay", Кина го доби од Марко Поло. Кина ја нарекуваат и "Zhongguo", од зборовите “Zhong“ (центар) и “Guo“ (земја). Буквално може да се толкува како "централна земја", но поадекватен превод би бил "Средното Кралство." Кинезите со векови верувале дека земјата се наоѓа во самиот центар на креацијата.


Ерменија

Ерменија е мала континентална земја која се граничи со Турција, Иран и Грузија. Името Ерменија е изведено од стариот персиски јазик, но под друго име - "Hayk", според потомокот на Ное. Буквалниот превод на името би бил "Земја на пра-пра-внукот на Ное, Haук."


Аргентина

Шпанецот Хуан Диаз де Солис наводно ја убил својата жена во Португалија. За да избега од властите тој побегна назад во родната земја, при што учествувал во бројни патувања. На 8-ми октомври, 1515-та година, Дијаз де Солис пронајде место кое го нарекол "Mar Dulce". Неговото откритие стана познато како сребрена река (“Rio de la Plata”). Понатаму местото го доби името “Tierra Argentina", земјата на среброто, бидејќи Аргентина е вториот збор за сребро.


Чиле

Името потекнува од мапучинскиот збор "Чили", што значи таму каде што завршува земјата. Друго можно потекло е зборот "cheele-cheele" мапучинска имитација на птица. Која и да е вистинската приказна, шпанските освојувачи слушнале за неа од Инките.


Шпанија

Античките народи на поморската Феникија, претходниците на модерните истражувачи, ја откриле Шпанија пред околу 3.000 години. Овде имало многу птици кои ги нарекувале “Hyrax“, поради тоа и го дале името “I-shapan-im“, односно Островот на Hyrax. Кога дошле Римјаните името на земјата е изменето во "Хиспанија."


Канада

Кога францускиот истражувач Жак Картие пловеал по реката Сент Лоренс, неговиот водичи забележа дека се на пат кон селото "Kanata". Картие најверојатно погрешно го слушнал водичот, па ја нарече земјата "Канада". Постои уште една приказна, иако е помалку популарна. Приказната раскажува за тоа како истражувачите од Шпанија биле во потрага по легендарното богатство во Америка. Кога не пронашле ништо местото го нарекле “aca nada” или “ca nada”, што значи: нема ништо тука.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фотки кои ќе ве збунат на прва, па ќе мора да погледнете двапати „Срцето ќе ми запреше од страв - помислив дека ѝ паднала шепата на мачката, но т...
Купувате оригинал или копија - како да препознаете преку логото на светските брендови? На оригиналните производи на Burberry, помеѓу црните и белите ленти, има са...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Смешни и непрактични дизајни кои навистина постојат (фото) Автобуска постојка направена од стакло и „кич“ влечки кои повеќе личат на некакв...
Зошто се нарекува Даунов синдром + како биле третирани лицата со нарушувањето во минатото? Лицата со попреченост, воедно и оние со Даунов синдром, порано биле затворани во...
Зошто на маратон се трчаат 42 километри? Маратонската трка е инспирирана од мит, според кој гласник трчал од грчкиот град...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg