9 работи кои треба да ги чувате во фрижидер, а не се храна
Кога набројувате работи кои ви се наоѓаат во фрижидерот, логично, листата е составена од храна и пијалаци, евентуално некој лек кој мора да стои на ладно.

Но, ако ги прашате експертите, тие тврдат дека има уште 9 работи кои од денес треба да ги чувате во фрижидер, иако не се храна.
Поточно се работи за:
Крема за околу очи – подобар ефект има кога е ладна

Моливче за очи – побавно се троши кога е ладно и во цврста состојба

Лак за нокти – ниските температури не дозволуваат да се променат бојата и структурата

Хулахопки – потешко се кинат

Фармерки – ако ги ставите неколку часа во замрзнувач, ќе се ослободите од непријатните мириси и бактерии

Сите работи на кои има истурено восок – восокот ќе почне полесно да се рони

Исто важи и за работите на кои има залепено гума за џвакање – ниската температура ќе ја замрзне гумата за џвакање, со што полесно ќе ја одлепите

Свежо цвеќе – подолго ќе остане свежо ако го оставите неколку минути на ниска температура

Перница – секој втор ден ставајте ја во фрижидер по неколку часа, ако сакате да не спиете на еден куп бактерии.

М. Д. | Црнобело