Интересно
Донесовте одлуки за годинава?

donesovte-odluki-za-novata-godina-povekjeНаправивте листа со она што сакате да го промените во 2011? Лесно е да ја направите, но потешко е да се придржувате до неа. Но, не мора да биде така.

 

Ова се неколку начини кои ќе ви помогнат да ги остварите целите во новата година.

donesovte-odluki-za-novata-godina

1. Бидете реални. Сигурно ги знаете своите лимити и можности па немојте да донесувате одлуки за кои знаете дека нема да се придржувате.

2. Започнете едноставно. Ништо не се случува преку ноќ. Мора да знаете дека за секоја одлука ќе мора да се потрудите и трпеливо да ја остварите.

3. Поставете ги на видливо место. Листата нека ви биде на дофат на очите. Ставете ја на ѕид во соба или на бирото на работа.

4. Споделете. Кажете им на другите што сте одлучиле. Така ќе имате повеќе мотиви за да се придржувате до тоа.

5. Вклучете некого во одлуката. Ако се трудите заедно со уште некој ќе имате предвид дека ако не ја остварите целта нема да се разочарате само себе, туку и некој друг.

6. Направете план. Не е доволно да кажете дека сакате нешто, важен е добриот план и како ќе го остварите.

7. Прифатете помош. Ако некој ви нуди помош и поддршка – немојте да ја одбивате.

8. Продолжете да се трудите. Не може секогаш да успеете од прв пат. Продолжете да се трудите и покрај падовите или повремените несупеси.

Донесовте ли и вие некои значајни одлуки и промени кои сакате да ги направите оваа година?

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Светскиот часовникСветскиот часовник...
Светскиот покажува бројќи кои се однесуваат на различни аспекти од животот - број на популација, новородени, број на починати, количество на... ...
Колку сме слични со животнитеКолку сме слични со животните...
Животинскиот свет ретко ја познава верноста, но затоа често се случува да “плаќаат“ за секс. Често пати, кога ни одговара, се поистоветуваме со ж...
Креативни држачи за ЦД-aКреативни држачи за ЦД-a...
Ако сте презаситени од класиката или стереотипните парчиња мебел, време е да внесете промена во својот ентериер, чекор по чекор. Како и секогаш.....
Коментари (2)Add Comment
...
напишано од Aleksandar, 09 January 2011
Reach for the stars and if you fall you land on the clouds!
...
напишано од Tia, 08 January 2011
Bravo smilies/smiley.gif

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Дури и илјада планови да не ти успеат, не се обесхрабрувај. Сé додека твоите цели се вистински, не си неуспешен. "
Томас Дејвидсон (1840-1900)