10 совети од баба

10-soveti-od-baba-povekjeИ покрај тоа што нашите баби растеле во сосема поразлично време, не значи дека не се полни со одлични совети кои и тоа како можат да се применат во денешно време.


Ова се неколку совети од баба кои се безвременски и квалитетни совети и ќе ви помогнат да бидете успешна жена во 21 век.

1. Мажот и жената треба да се венчаат, но и да живеат одвоено додека не основаат семејство. Секоја жена треба да има свој приватен простор каде ќе може на мира да здивне после напорниот ден. Исто така и мажот.

2. Доколку успеете да го најдете она парче кои ви стои како да е кроено само за вас, купете го барем во 4 различни нијанси. Никогаш нема да зажалите за овој потег.

3. Забавувајте се, пушете цигари и уживајте во екстравагантни коктели додека сте млади. Сепак, еден ден кога ќе наполните 35 години, заборавете на овие навики и немојте да жалите за ништо. Сосема е во ред да го искусите животот додека сте млади. Но, порано или подоцна ќе мора да пораснете и да се приберете.

4. Вашата вечера треба да се состои од сезонски зеленчук готвен на пареа. Бета каротенот и антиоксидансите се ваш најдобар пријател, а здравата исхрана ќе ви овозможи лесна транзиција во зрелите години.

5. Вежбајте секој ден – тоа е единствен начин да ја одржите својата фигура и разумот. Немојте да се запуштате. Престанете да се нервирате за малите недостатоци кои ви ги дал Бог и неможете да ги промените.

6. Жените сакаат шминка со причина – ја нагласува убавата линија и испраќа потсвесни пораки до мажите.

7. Немојте да штедите на производи за нега на кожата. Мијте го лицето секоја вечер. Нанесувајте квалитетна крема под очите пред да спиете. Забниот конец е вашиот најдобар пријател.

8. Останете пријатели со бившите дечковци. Верувале или не, поранешните љубовници може да ви бидат најверни пријатели во животот. Само затоа што не сте функционирале како љубовна двојка, не значи дека и понатаму не сте компатибилни личности кои се разбираат меѓусебно.

9. Не заборавајте да се смеете. Карајте се кога треба, но на крајот понудете и разбирање. После тоа слободно насмејте се.

10. Остарете достоинствено. Единствена погрда работа од стареењето е она кое не е достоинствено. Стареењето не значи губење на сето она кое некогаш ве правело атрактивни, затоа што е сосема возможно да изгледате феноменално и на 70 години доколку внимавате на исхраната и вежбате редовно.

Би можело да ве интересира:

10 очигледни особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција Не се љубопитни и немаат интерес за подлабоко да навлезат во некои теми. Се прец...
Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Портокалови малини и уште 11 работи што можете да ги видите само во Индија (фото) Кобра која ѕирка од плантажа за чај, храна послужена на лист од банана, волшебно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg