Животот на верверичките за кој никој не знае, прикажан низ неодоливи фотки
Фотограф создал цело надворешно студио во дворот од неговиот дом и со години ги „лови“ верверичките на фотографии – резултатот е магичен.
Веројатно верверичките ги гледате како претрчуваат од дрво до дрво и не замислувате дека прават нешто друго освен тоа.
Фотографиите на Геерт Веген ќе ви го докажат спротивното – тие сами си ја носат храната, си играат и на моменти се однесуваат исто како луѓе.
Во неговиот двор, тој направил цело надворешно студио, кое во еден дел е покриено, а другиот дел е отворен за дожд и снег. Тој може да фотографира од прозорците во неговата куќа, а во студиото има маса каде тој крие храна и создава тајно сцени за верверичките, кои совршено ги доловува низ објективот прикажувајќи цела приказна.
Речиси една деценија тој остава лешници насекаде околу домот за да ги придобие овие слатки животинчиња и да ги натера почесто да доаѓаат во неговото студио, без да се почувствуваат загрозени.
Сценаријата кој тој ги создава за верверичките се неверојатни, а на фотките нема никој да одолее:
М. М. | Црнобело