Од Македонија до Америка со љубов – Бездомната Бела чекала ред за виза, а судбината ја однела до топол дом
Pilots N Paws е невладина организација која им овозможува на волонтери да помогнат со спасување, засолнување и вдомување животни, така што ги спојува со волонтери пилоти, подготвени да помогнат при транспортот.
На нивната Фејсбук страна се најде кучето Бела, кое лутало во околината на Американската амбасада во Скопје и успеала да си најде дом во Америка.
На страната беа објавени фотки од Бела како ужива во слободата додека ја пренесуваат пилотите-волонтери, а во описот стои текст од Џени Смит која ја раскажува приказната за Бела и се заблагодарува на организацијата за нивната работа.
Приказната на Бела Дуковска:
„Од #Македонија до #Америка со љубов:
Бела Дуковска беше бездомно куче кое шеташе по улиците на Скопје, Македонија и се пикаше во редот за виза надвор од амбасадата на САД. Таа беше таму цел ден и кога стигна најнапред во редот, вработените на амбасадата забележаа колку е слатка и не сакаа да дозволат повторно да лута наоколу, посебно Јана Дуковска (од таму и доаѓа името Бела Дуковска).
Јана и тимот се трудеа многу и Бела доби интернационален лет до Чикаго. Мојот братучед, кој е наредник во Воздухопловство САД и е стациониран во амбасадата, ни се придружи и нѐ поврза сите со вашите прекрасни пилоти кои ја однесоа Бела до Минесота, каде што семејството кое ја вдоми ја чекаше со отворени раце.
Бела уживаше во летот на слободата и се топеше со вашите пилоти. Го обожаваме тоа што вие го правите, ви благодариме Pilots N Paws.“
From #Macedonia to #America With #Love: Bella-Dukovska was a stray walking the streets in Skopje, Macedonia & wondered...
-->-->Posted by Pilots N Paws on Monday, February 3, 2020
Се надеваме дека оваа приказна ќе инспирира што повеќе луѓе да ја покажат својата хуманост и ако не можат да вдомат, барем да помогнат да се најде топол дом за кучињата кои лутаат низ улиците во нашата земја.
М. М. | Црнобело