Како да се грижите за вашиот миленик, а истовремено да ги почитувате препораките заради пандемијата?

Во овој период, оние кои имаат миленици се исто така загрижени за нив, не сакаат да ги запостават и сакаат да им понудат соодветно внимание.

kako-da-se-grizhite-za-vashie-milenici-dodeka-trae-pandemijata-so-korona-virusot-01.jpg

Според СЗО, вирусот се има појавено кај минимален број случаи на миленици, но велат дека истите не можат да го пренесат на луѓе.

Сепак, и нив им е потреба посебна грижа и внимание овој период, а во продолжение погледнете на што треба да се посветите:

Немојте да го напуштате миленикот

Поради стравот од вирусот, голем број миленици беа напуштени. Можеби и вие сте помислиле да го напуштите вашето милениче, но не правете го ова.

Милениците нема да ви го пренесат вирусот, а дефинитивно не се потребни уште кучиња скитници и улични мачки.

Набавете храна за две недели

Бидејќи е препорачливо да излегувате што е можно поретко, добро би било да набавите храна и за вашиот миленик што ќе ви трае две недели.

Се разбира, немојте да купувате повеќе отколку што ви треба, бидејќи има и други луѓе кои во периодов треба да купат храна, a не секој одеднаш може да си дозволи голема количина, па не дозволувајте да снема.

Притоа, доколку има потреба, набавете и средства за заштита од паразити, песок (доколку чувате мачка) и лекови (доколку миленичето прима терапија).

Најважно е да бидете опремени со сè што му е потребно на миленичето, за период од две недели.

kako-da-se-grizhite-za-vashie-milenici-dodeka-trae-pandemijata-so-korona-virusot-02.jpg

Проверете го здравјето на миленикот

Ако морате да го однесете миленикот на ветеринар, немојте да го одложувате тоа.

Поради моменталната ситуација, најдобро е да му се јавите на ветеринарот и да закажете термин, наместо да правите метеж во ординацијата.

Сепак, доколку миленикот е со добро здравје, периодов прескокнете ги прегледите.

Бидете внимателни кога го шетате миленикот

Ако имате мачка, најдобро е воопшто да не ја пуштате надвор овој период.

Но, ако имате куче, морате да го изнесете надвор. Кога ќе го правите тоа, држете се до сите препораки за заштита и спречување на ширењето на вирусот.

Засега нема конкретни насоки за миленици, но и без тоа можете да бидете претпазливи. Избегнувајте контакт со други кучиња и други луѓе и прошетките нека траат што е можно пократко.

kako-da-se-grizhite-za-vashie-milenici-dodeka-trae-pandemijata-so-korona-virusot-03.jpg

Мијте ги рацете

Иако од СЗО велат дека милениците не го пренесуваат вирусот, најдобро е да се миете раце пред и откако ќе си играте со миленикот. На овој начин ќе го заштитите од други болести и инфекции.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 миленици кои пораснале, но ги задржале старите слатки навики (фото) Старите навики тешко „умираат“ - доказ за ова се и многу, многу миленици, кои ни...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg