Фото на денот: Ново бебе во Скопје ЗОО
„Денеска се роди првото бебе лемур оваа година и на шега го крстивме Младен“, ни откриваат од Скопје ЗОО.
Во скопската зоолошка градина има повод за славење. Семејството на лемурите се зголеми за уште еден член.
„Денеска се роди првото бебе лемур оваа година. Денеска мајката и останатите лемури цел ден се грижат за него. На шала, интерно се шегуваме дека бебето се вика Младен, зошто се роди два дена по Младенци.
Инаку овој период секоја година добиваме по околу 7-8 бебиња. Лемурите најчесто се пораѓаат кон крајот на март и април, а кај нив владее матријархат, што значи дека сите женки подеднакво се грижат за малите бебиња и си помагаат“, изјави портпаролот на ЗОО Скопје Тина Мицковска за CRNOBELO.com.
Ова дефинитивно е ден за прослава и мекици и иако не можете да ја посетите зоолошката градина, во убавата атмосфера може да уживате преку вклучувањата во живо и едукативните видеа кои секојдневно се снимаат таму.
Мекици ❤️ 🥰👶
-->-->Posted by Tina Mickovska on Wednesday, March 25, 2020
С. С. | Црнобело