Како изгледа светот низ очите на животните? (фото)
Знаевте ли дека луѓето перципираат три бои – црвена, зелена и сина? Сите други бои што ги гледаме, се само комбинација од овие три.
Мрежницата на окото има два вида фоторецептори – стапчиња, кои служат за снаоѓање во мрак, и чунчиња, кои служат за снаоѓање преку ден.
Таканаречените чунчиња се чувствителни на брановата должина на видливата светлина, па тие се одговорни за перципирањето на боите. А, како што веќе кажавме, чунчињата во човечкото око перципираат три бои.
Очите на животните се разликуваат од нашите, па некои перципираат повеќе, а некои помалку бои. Тоа значи дека светот што го гледаат тие може да биде сосема поразличен од она што го гледаат луѓето.
Во продолжение погледнете како изгледа светот низ очите на животните:
Птици
Птиците перципираат четири бои. Покрај тоа што гледаат повеќе бои од нас, тие можат да ја видат и ултравиолетовата светлина.
Сепак, постојат стотици видови птици, сите кои од кои поразлични, па нивниот вид варира.
Мачки
Очите на мачките имаат повеќе стапчиња, што значи имаат подобар вид во темница.
Видот на мачките е позамаглен од човечкиот, но тие имаат поголемо видно поле. На пример, луѓето можат да гледаат 180 степени околу нив, додека мачките околу 200.
Ракчиња богомолки
Овие ракчиња го имаат можеби најкомплексното око, со дури 16 фоторецептори. Покрај тоа, нивните очи ја делат и ултравиолетовата светлина на неколку бои.
Кози
Можеби сте забележале дека зениците на козите имаат правоаголна форма. Оваа форма им ја подобрува перцепцијата за длабочина, но и периферниот вид.
Тие можат подобро да гледаат навечер, а формата на зеницата им помага полесно да се прилагодат и на дневната светлина.
Скорпии
Скорпиите имаат пар очи напред, но можат да имаат и до пет пара од страните. Сепак, тие можат да разликуваат само помеѓу темно и светло и да перципираат некакво движење.
Некои видови скорпии, пак, воопшто немаат очи.