Први фотки од фламингата во новото живеалиште во Скопје ЗОО - како од бајка
Конечно го добивме најдолго очекуваното живеалиште во скопската зоолошка градина - денес официјално се отвори живеалиштето на 15-те фламинга.
Според портпаролот на ЗОО Скопје, Тина Мицковска, нашето живеалиште на фламинга е едно од најубавите во Европа, а до денес тие се чуваа во внатрешниот дел.
Проектот во зоолошката е работен со поддршка на градот Скопје и направено е едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа.
Надворешниот дел на зоолошката во Скопје од денес е збогатен со 15 розови фламинга, кои допрва ќе ја добијат силно розовата боја, благодарение на специјалната исхрана која им ја даваат.
Први фотки од новоотвореното живеалиште на фламингата во Скопје кое изгледа како од бајка:
ТУКА погледнете како изгледа целосно нивното живеалиште.