Како да го смирите вашето милениче во стресни ситуации?
Навикнете го кучето на врева
Можете и да му помогнете на кучето да се навикне на гласните звуци, како оние од правосмукалка, огномети или громови. Неколкупати неделно пуштајте му вакви звуци, но што е можно потивко. Осигурете се дека кучето ќе биде удобно сместено и ќе му биде одвлечено вниманието со некоја забавна активност, а потоа тивко пуштете му ги звуците.
Со текот на времето ќе се навикне и нема да се плаши од нив.
Давајте му храна кога сте кај ветеринар
Ако на миленичето му давате малку храна како награда кога сте кај ветеринар, тоа ќе почне да го поврзува прегледот со убави нешта.
После преглед, после инјекција или слично, секогаш давајте му на кучето храна како награда.
Вежбајте одење на ветеринар
Одењето на ветеринар е стресно за секое милениче, а за да го смирите, можете уште дома да му покажете што ќе го очекува таму. На пример, ако знаете како, вие исечете му ги ноктите на кучето. На овој начин, сечењето нокти на ветеринар нема да му биде нешто непознато и страшно. Ова правете го само ако сте сигурни во себе.
Давајте му помалку храна пред да одите на ветеринар
Денот пред да одите на ветеринар, намалете ги порциите на вашето куче. На овој начин многу повеќе ќе се израдува на храната како награда. Храната повеќе ќе му го одвлече вниманието, па прегледот ќе помине полесно.
Нормално, не треба да го изгладнувате миленичето, туку намалете ја порцијата многу малку.
Спирова С. | Црнобело