Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство)

Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку трикови и совети што ќе ви се најдат ако (првпат) чувате куче.

dali-pogresno-go-setate-vaseto-kuce-naucete-kako-da-stanete-lider-za-vreme-na-prosetka-01.jpg

Оние кои со години чуваат куче или кучиња, добро знаат како правилно да се грижат за нив.

Ако сте понов сопственик, сигурно има некои работи кои уште не ви се познати, особено кога станува збор за шетање и социјализација.

Совети за шетање на кучето:

Користете краток поводник

Краткиот поводник ќе ви обезбеди поголема контрола и полесна комуникација со кучето. 

Покрај тоа, секогаш треба да ги имате предвид другите луѓе додека сте надвор - некои се плашат од кучиња, па краткиот поводник ќе ви помогне да го држите кучето до вас додека да се разминете.

Немојте многу да го затегате ремчето

Ремчето на кучето треба да биде доволно затегнато за да не му се извади, но не треба да го стега околу вратот.

Некои кучиња можат да влечат повеќе додека ги шетате, па важно е ремчето да не ги затега премногу и да се чувствуваат удобно.

Dali pogresno go setate vaseto kuce 02

Ставете му го поводникот кога е мирен

Викнете го кучето да дојде до вас, а не обратно. Откако ќе му кажете да седне, почекајте додека не се смири, потоа ставете му го поводникот.

Прошетката не треба да биде многу кратка

Немојте да го шетате кучето кога е премногу студено или премногу топло бидејќи температурата има влијание и врз него.

За шетање издвојте половина час до еден час. Во зависност од расата, за вашето куче можеби ќе треба повеќе или помалку време за шетање.

Секако, неколкупати во текот на денот ќе треба и накратко да го изнесувате надвор за да оди во тоалет.

Во овој случај не заборавајте да понесете специјални кеси со кои ќе го соберете изметот.

Dali pogresno go setate vaseto kuce 03

Не дозволувајте му да биде лошо

Ако знаете дека вашето куче ќе лае на друго куче, мачка, па дури и на човек, забранете му го тоа навреме. Потребно е малку да го повлечете кучето пред да стане непослушно и да продолжите да се движите.

Ако не ве слуша, допрете го нежно, но никако не смеете да го удирате. Во вакви ситуации е важно да реагирате пред кучето да реагира, бидејќи кога ќе почне да лае ќе биде потешко да се смири.

Генерално, важно е да ги следите неговите реакции и да научите кои работи го провоцираат.

Со текот на времето, тоа ќе сфати што треба, а што не треба да прави.

Наградете го вашето куче по прошетката

Кога на кучето ќе му дадете храна по прошетка, му дозволувате да ја „заработи“. Тогаш кучето е уште позадоволно.

Dali pogresno go setate vaseto kuce 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg