Кој спие најчудно, кој спие најслатко - како спијат разните животински видови?
-->
Слоновите спијат легнати, но можат да спијат и застанати. Наводно, во дивината најчесто спијат застанати бидејќи полесно им е да се придвижат ако се појави некоја опасност.
Китот познат како кашалот изгледа како да виси кога спие. Обично едното око му е отворено за да може да реагира веднаш ако се појави опасност.
Фламингата спијат на една нога, а тоа им го овозможува нивниот скелет кој, на некој начин, се „заглавува“ во оваа положба, па лесно одржуваат рамнотежа.
-->
Моржовите можат да спијат во неколку различни положби, но најинтересно изгледаат кога ги забодуваат забите во мразот за да не бидат одвлечени од водата.
Рибите познати како parrotfish прават меур околу нивното тело кога спијат за да се заштитат од другите суштества.
Слично како слоновите, коњите можат да спијат и легнати, и застанати.
Делфините немаат дишни органи што функционираат под вода, па обично пловат на површината кога спијат за да можат да дишат. Ако се во плитка вода, можат да заспијат и на дното, па одвреме-навреме излегуваат на површината за кислород.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат?
Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание?
Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици?
Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот?
Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно
Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот?
Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...