Биди фит: Најдобрите фитнес блогови за инспирација

Знаете дека за вашето здравје е важен начинот на живот, исхраната и вежбите. За да бидете во топ форма потребно е да применувате некои здрави навики. Доколку ви е потребна мотивација на интернет може да најдете мноштво интересни фитнес блогови.

bidi-fit-najdobrite-fitnes-blogovi-za-inspiracija-01

Како насока и помош во потрагата, ова се најдобрите 5 фитнес блогови кои ќе ве мотивираат.

Карена и Катерина се авторки на блогот „Tone it up“ кои го започнале со надеж да инспирираат и други луѓе за да водат здрав начин на живот, вежбање и исполнување на своите цели. Тие две се најдобри другарки кои живеат во Калифорнија и имаат ист интерес за фитнесот.

bidi-fit-najdobrite-fitnes-blogovi-za-inspiracija-1.jpg



Лидија Елиза Милен
е авторка на блог на кој може да најдете сè она што ве интересира за здравиот живот, вежбањето и водењето сметка за исхраната. Таа одлучила на својот блог да сподели сè што научила за вежбањето и нутриционизмот. На нејзиниот блог ќе пронајдете многу интересни рецепти и совети за вежбање.



Џесика Сепел
е позната австралиска нутриционистка, поборник за здрав начин на живот и велнес трнер. На нејзиниот блог може да најдете интересни рецепти, психолошки совети, но и примери за вежби. Доколку ве интересира нешто за здравиот начин на живот и исхраната може да пронајдете кај неа.

bidi-fit-najdobrite-fitnes-blogovi-za-inspiracija-3.jpg



Симпли Таралин
е позната по здравиот начин на живот и желбата за слабеење. Од таа причина почнала да води и свој блог на кој освен за фитнес, пишува и за мода, храна и патувања.

bidi-fit-najdobrite-fitnes-blogovi-za-inspiracija-4.jpg



Лорин Евартс
е авторка на блогот „The Skinny Confidential“, која доаѓа од Сан Диего. На нејзиниот блог може да пронајдете најинтересни совети за фитнесот, а по големата популарност која ја доживеал нејзиниот блог, Лорин издала и книга.

bidi-fit-najdobrite-fitnes-blogovi-za-inspiracija-5.jpg

Кој фитнес блог го следите вие?

Би можело да ве интересира:

8 моќни вежби со кои ќе го доведете телото до совршенство до крајот на летото Ако ја пропуштивте шансата да се направите згодни до лето, тогаш искористете ги ...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава