За почетници во вежбањето: 5 минутен тренинг за рамен стомак

Доколку сте почетник во вежбањето кој сака да се фокусира на затегнување на стомачните мускули и воедно да добие рамен стомак кој отсекогаш го посакувал, ова е тренингот за вас.

za-pocetnici-5-minuten-trening-za-ramen-stomak-6

За време на вежбањето потребно е да се храните правилно, односно да не внесувате храна која знаете дека би можела да натрупува вишок масти на стомакот, изборот што ќе јадете останува на вас.

Тренингот ќе го практикувате три пати во неделата бидејќи не е важно да направите повеќе на почеток, туку поефикасно за организмот да започне да се навикнува на почести и понапорни тренинзи.

Секоја вежба ќе ја правите по 40 секунди со 20 секунди пауза, но ќе ја правите правилно.

Започнувате со првата вежба, стомачни во положба како на фотографијата, со закосен `рбет, рацете зад глава, стомачните мускули стегнати и кренати нозе.

za-pocetnici-5-minuten-trening-za-ramen-stomak-1


Продолжувате со втората вежба, кренете ги нозете во вис и задржете ги како на фотографијата, стегнете ги стомачните мускули и повлекувајте ги бавно нозете кон лицето, а потоа бавно враќајте ги во претходната положба.

za-pocetnici-5-minuten-trening-za-ramen-stomak-2


Третата вежба
се изведува со легнување на грб и испружување на едната, па другата нога со допирање на прстите.

Додека ја правите вежбата стомачните мускули се стегнати освен при менувањето на нозете во висина.

za-pocetnici-5-minuten-trening-za-ramen-stomak-3


Четвртата вежба
се изведува со тег или стиснати тупаници и ќе ви помогне да ги зацврстите страничните стомачни мускули.

Застанете во положба како на фотографијата и вртете се до истегнување на едната, па на другата страна, додека ја правите вежбата стомачните се стегнати.

za-pocetnici-5-minuten-trening-za-ramen-stomak-4


За крај завршувате со замрзнати стомачни, заземете положба за склекови и со затегнати стомачни издржете 40 секунди во положбата.

za-pocetnici-5-minuten-trening-za-ramen-stomak-5

Бидејќи сте почетник, практикувајте по еден 5-минутен сет во денот за вежбање, а кога ќе забележите дека сè полесно ги извршувате вежбите, зголемете на 2-3 сета дневно.

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
8 моќни вежби со кои ќе го доведете телото до совршенство до крајот на летото Ако ја пропуштивте шансата да се направите згодни до лето, тогаш искористете ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg