Неликвидност - контролски преглед на неликвидноста
Во секоја компанија која настојува да биде конкурентна на пазарот, приходите се апсолутен императив и единица мерка за успех. Сите корпоративни и...
...индивидуални цели се насочени кон растот на приходите и сите успеси се мерат преку нив.
Всушност, нема ништо лошо во сето ова, се додека не завладее (погрешно) мислење дека приходите се светиот грал со чудотворна моќ за заштита од сите зла.
Во тој момент настанува „магичниот круг“ односно замката која може да ја наруши финансиската стабилност и ликвидност на компанијата. Понатамошното задолжување претставува само дополнителен капитален трошок. Доколку новопреземените акции не резултираат со повисоки приходи и рентабилност од досегашните без дополнителни задолжувања, проблемите само ќе се зголемат бидејќи добивката се намалува а задолженоста се зголемува. Кредитните институции имаат поголем приоритет при наплата од бизнис доверителите и тоа е дополнителна причина за успорување на текот на парите.
На овој начин размислуваме и ние, нашите клиенти, нивните клиенти, клиентите на добавувачите и нивните добавувачи... Многу лесно се доаѓа до неликвидноста и нема „закон“ кој може да „придонесе“ да исчезне неликвидноста.
Каде е излезот од оваа ситуација? Контролингот има јасен став – излезот е во сосема спротивната стратегија.
Иако постои напнатост во компанијата поради високата задолженост и намалената рентабилност, компанијата мора да ја отфрли тезата дека „единствено повисоките приходи можат да придонесат за подобрување на ситуацијата во компанијата“. Компанијата треба да ја елиминира продажбата на нерентабилните клиенти и да се фокусира на помала продажба, на квалитетни клиенти со акцент на производите на залиха, односно на постојниот имот. На овој начин, компанијата ќе го редуцира постојниот долг кон добавувачите со минимални дополнителни задолжувања (купување на нова роба).
Во ваква ситуација (кога компанијата има слаба ликвидност) апсолутен императив и приоритет е зголемувањето на рентабилноста, бидејќи единствено зголемената рентабилност може квалитетно да ја намали задолженоста. Поради тоа компанијата треба целата своја сила да ја насочи кон пронаоѓање нови продажни активности кои се попрофитабилни од постоечките, треба да ја фокусира на продажбата кон производи кои овозможуваат долгорочна соработка со клиентите и да ги отфрли купувачите кои само го зголемуваат обемот на продажба и трошоците без дополнителна корист.
Кога компанијата ќе одлучи да го промени начинот на работа, за жал, таа е само на половина пат. Следен чекор е да се осигури основниот предуслов за поинакво однесување, а тоа се исцрпните и квалитетни информации за тоа кои клиенти – по кои критериуми – се навистина рентабилни, колкава е заработката на поедини производи – во кои пазарни сегменти, во кои маркетинг активности – на кои пазари – колку вложуваме – а какви финални ефекти постигнуваме. Компанијата мора да располага со сите овие информации за одлично поставен и добро развиен контролинг, за стручниот кадар кои работи во него.
Значи, без разлика колку настојуваме и се надеваме дека ликвидноста ќе се реши сама од себе, станува очигледно дека тоа не е возможно. Единствено правилната и континуираната употреба на контролингот, може да резултира во намалување на неликвидноста и долгогодишна финансиска стабилност.
Автор: Јасмина Очко,
еден од највлијателните хрватски консултанти во областа на контролинг, менаџерско сметководство, управување со трошоци, планирање и буџетирање
Предавач на „Конференцијата за финансиски контролинг“
