Интервјуата за работа не се важни за само работодавачот да се запознае со кандидатите за отвореното работно место, туку и оние кои ќе дојдат да дознаат повеќе што таму се нуди. Поради тоа, освен работодавецот (или тимот од одделот за човечки ресурси), прашања треба да поставува и кандидатот, за да може да добие пореална слика за позицијата и работните задачи кои би го очекувале кога би бил вработен.