Што значат неговите навики?

sto-znacat-negovite-naviki-povekjeНе сите особини, кои понекогаш може да се причинат непријатни, се толку лоши, но секоја од нив има скриена порака. 1. Секогаш ја повикува мајка му кога...


1. Секогаш ја повикува мајка му кога треба нешто да одлучи. Со ваков маж тешко ќе направите долгорочен план, затоа што имајќи проблем со сопствената независност и одлучување, нема да биде тука кога навистина ќе ви биде потребен.

sto-znacat-negovite-naviki

2. Валканите садови се дел од неговото секојдневие, од неговиот ентериер. Тоа се мажи кои не се особено внимателни, всушност не се уредни и организирани, работат на своја рака.

3. Даската на ВЦ шолјата е секогаш крената, необично но вистинито, зборува за човек кому му е најважно да биде во право. Ова може да биде знак дека со ваков претставник од машкиот пол ве чекаат тешки маки и дека ова е само мал сигнал кој на тоа упатува.

4. Не ви отвора врата. Хм, покрај тоа што ќе знаете дека Хемфри Богарт никогаш не му бил пример, ниту е фан на холивудските педесетти, можеби вашиот маж не само што е невнимателен, туку не е ни романтичен. Значи немате баш заштитник, иако би сакале да се почувствувате посебно, тој мисли дека не мора да се труди и да ве возбудува.

5. Го чепка носот и тоа е навистина грда особина, која многу зборува за неговите хигиенски навики, но и за односот кон некои социјални норми и рамки. Себичен е и вие не го интересирате, тоа е најискреното објаснување на неговото непристојно однесување.

6. Ги грицка ноктите, затоа што е несигурен, нервозен и под стрес, а не може или не е способен вербално да го искаже она што го мачи. Не е спокоен и мирен, ниту го интересира хигиената, ништо повеќе од онаа основната, но најзначајно е дека ваквото однесување укажува дека се работи за личност со психолошко, ментално и емотивно ограничување.

7. Доцни или ја одложува акцијата за подоцна, значи дека вашиот маж се плаши од неуспех, но и дека е повремено мрзлив. На нив не можете секогаш да се потпрете, бидејќи тие и самите не веруваат дека можат да се потпрат на себе.

8. Гласно јаде оној маж кој потсвесно сака да го забележат, бидејќи уште од детството сфатил дека само неприфатливото однесување може да му го донесе саканото внимание.

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg