Што откриваат лошите навики за мажот?

Подигната ВЦ школка, чорапи и долна облека кои никако да дојдат до корпата за алишта, туку се покрај неа и постојаното повикување на драгата мајка се само неколку од машките навики кои не излудуваат.

sto-otkrivaat-losite-naviki-za-mazot

Но, дали се само тие кои што треба да се земат во предвид како алудирање на нешто уште полошо?

Мажот кој пред да донесе одлука се советува со својата мајка, сè уште не е подготвен да порасне, а ако планирате сериозни чекори во заедничкиот живот, би можело да се случи да не знае да биде тука за вас кога за тоа ќе има потреба. Прифатете го тоа веднаш или свртете му грб.

Припадниците на посилниот пол кои што оставаат валкани садови во садоперот се безобѕирни и не мислат на партнерката и на нејзините потреби. Не се чисти ниту организирани, а тоа може да преставува проблем во врската.

Подигнатата даска во бањата повеќе не изненадува, но ако вашиот партнер тоа упорно го прави тој едноставно повеќе сака да биде во право отколку да е среќен, а поради тоа ќе ги трпи и секојдневните приговори.

Мажот кој ќе и ја отвори вратата од автомобилот на партнерката или од станот, е реткост, но ако тоа не го прави, едноставно не е романтичен. Секако тоа може да се објасни со фактот дека не е внимателен.

„Копањето на носот“ – тоа е навистина лоша навика, а може да укажува на фактот дека мажот не држи до својата хигиена. Она што е уште полошо, воопшто не размислува како делува неговото однесување на партнерката.

Грицкањето на нокти е навика која открива несигурност, нервоза и стрес. Кон таа навика се склони мажи кои имаат проблеми со себе и со своите емоции и тешко се носат со стресот.

Мажите кои што грицкаат мраз не се ретки, а во таа навика уживаат при испивањето на алкохолните пијалаци. Со тоа сакаат да порачаат дека се силни алфа мажи.

Сркањето и мљацкањето се навики со кои партнерот потсвесно сака да ја натера партнерката да го забележи и да му обрне внимание.

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg