Го сакам мојот сопруг, но сакам и да го изневерувам

Илоа Аткинсон е блогерка која одлучила своите стравови и желби да ги подели со читателите. Не се воздружува ниту од своите најдлабоки тајни за брачниот живот да ги изнесе во јавност.

go-sakam-mojot-soprug-no-sakam-i-da-go-izneveruvam-eve-zosto-01

Таа го сака својот сопруг, но и понатаму има потреба да го изневерува.

„Јас сум од оние среќните: Омажена сум за својата сродна душа.

Првпат кога го видов срцето ми застана и знаев дека тоа е „љубов на прв поглед“. Бев маѓепсана и тотално освоена.

Осум години откако се запознавме, се венчавме. Сите свои тајни и мрачни мисли ги делам со него, иако порано многу од сето тоа чував во себе.

Неодамна го сретнав К... додека го шетав кучето. Разговорот течеше глатко, се шегувавме, разговаравме за кучињата, ми беше убаво и дома се вратив восхитена.

Тогаш се запрашав: „Дали ми се допадна?“, одговорот беше„Не“. Не ми беше физички привлечен.

go-sakam-mojot-soprug-no-sakam-i-da-go-izneveruvam-eve-zosto-3.jpg

Сепак, бев среќна секојпат кога налетувавме еден на друг. Сакав колку може подолго да се дружиме.

Делуваше малку проблематично, како да не знае што сака од својот живот. Беше незадоволен од светот, од врската и од себе самиот. Не, не ми беше привлечен.

Потоа, само еден ден поминавме 2 часа заедно. Вечерта беше студена. До тогаш обично би била дома, но тогаш се задржав. Исто и тој. Разговаравме, се смеевме, се дружевме.

Ме праша дали сум венчана. Помислив на мојот сопруг и тогаш почувствував вина. Сфатив дека ова стана тајна.

go-sakam-mojot-soprug-no-sakam-i-da-go-izneveruvam-eve-zosto-1.jpg

Во наредните неколку денови станав опседната со К... и постојано се прашував дали ќе го видам. Бев збунета. Не ме привлекуваше физички, но нешто ме влечеше кон него.

Се шетав со кучето таму каде што се среќававме, надевајќи се дека ќе го сретнам.

Случајно се шетав баш во исто време кога и тој го шеташе своето куче, околу 6 попладне. Бев разочарана секојпат кога немаше да го сретнам.

Многу мислев на него, дури и кога бев со Најег. Понекогаш и за време на сексот, иако никогаш порано не сум мислела на некој друг освен на него. Се чувствував виновна и ми беше срам од сама себе.

Следниот чекор беше толку лесен, толку блиску. Само да посакав.

Ме плашеше сопствената потреба за евтино возбудување кое можеше да фрли сенка на мојот брак. Може да ја фрли во вода сета доверба, интимност, љубов на кои толку тешко работевме.

Дел од мене се тешеше дека е само опсесија, а дел од мене сакаше да изневери.

Што се случува во мојот брак? - Мали работи. Само фали малку повеќе комуникација, но ништо драстично.

Што се случува во мене? - Тоа беше главното прашање.

go-sakam-mojot-soprug-no-sakam-i-da-go-izneveruvam.jpg

Јас се плашев од љубовта. Знам дека цело време изгледа како да сум барала љубов, но јас цело време се водев од принципот „да бараш и да не најдеш“.

Она што ја поттикна мојата привлечност кон него, како и кај другите порано, беше скриеното верување дека љубовта е опасна.

Дека ако целосно се заљубам во сопругот, љубовта ќе ме проголта. Дека нема да остане ниеден самостоен дел од мене во таа приказна.

Она што ја поттикна оваа привлечност беше потсвесен нагон, потиснат одамна, да се саботира среќата и да се отфрли љубовта.

Јас сум од оние среќните кои се омажени за својата сродна душа. Ова никако не може да трае. Морам да направам проблем.

На крајот сè му раскажав на Најег. Сè. Беше тешко. Срамот ме изеде, но му кажав. Го спасив бракот и ќе го направам повторно тоа ако морам.

Некои денови сакам да го изневерам мојот сопруг. Но, сакам да ме запознае и да го запознам најдлабоко, затоа и му ја кажав вистината“.

go-sakam-mojot-soprug-no-sakam-i-da-go-izneveruvam-eve-zosto-4.jpg

Би му го признале неверството на партнерот?

Би можело да ве интересира:

„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg