Имав врска со оженет маж цели 25 години. Ова е причината заради која го оставив

Искрена исповед на една средовечна жена која околу 25 години се гледала со оженет човек. Но, сега конечно решила дека е време да го остави. Зошто?

imav-vrska-so-ozenet-maz-celi-25-godini-ova-e-pricinata-zaradi-koja-go-ostaviv-01.jpg

„Го запознав Сем во 1981, кога имав 39 години и поминував низ прилично тежок развод. Сопругот ме остави со 14-месечно бебе и не ни овозможи никаква финансиска помош. Секако, ми беше потребен добар адвокат и така го запознав Сем.

Знаев дека е оженет човек со 2 деца, но бев исплашена и осамена. Така емотивна и ранлива, набрзо почнав да развивам поинакви чувства за него. Ја искористив неговата улога на адвокат и го викнав дома.

Работите многу брзо се одвиваа и за кратко се најдовме во мојата спална соба. Веќе следниот момент почнав да го откопчувам.

- Не, само немој тоа... ме молеше тивко.

Но, секое негово „не“ значеше дека не треба да престанам.

Почнавме да се гледаме речиси секој ден, а по 2 години ми подари златен прстен на кој пишуваше „засекогаш“.

Неговата сопруга еднаш се посомнева, но успеа да ја смири. Никогаш после тоа не го прашуваше дали има афера.

Се прашувате како е да се биде втора жена? Многу пријатели ме критикуваа, а јас таа улога најдобро знаев да ја играм.

Отсекогаш сум била другата жена. Кога мојата мајка почина, татко ми се прежени, а неговата нова сопруга отворено кажуваше дека не и се допаѓам. Тоа влијаеше на нивниот однос, па мојот татко ме замоли привремено да се преселам во хотел. Имав само 15 години.

Понекогаш доаѓаше да ме види, а потоа си се враќаше дома. Така што, добро знам како е да бидам другата жена.

Својата врска со Сем ја гледав како можност да ја променам ситуацијата и конечно да застанам на прво место.

Како што неговите ќерки растеа и добија дечиња, така неговите семејни обврски почнаа да растат. Но, секогаш наоѓаше време за мене.

И после 15 години бев заљубена во него. Се уште ги имав оние пеперутки во стомакот и уживав во секој заеднички момент.

Мојот терапевт кој го посветував од време на време ме советуваше дека не смеам толку да се потпирам на чувствата кон него, без разлика колку мислам дека се добри и прекрасни.

Едно топло попладне, додека јадевме сладолед во хотелот го прашав што ќе се случи со мене ако тој ненадејно почине. Сакав да добијам потврда дека сум му важна, верував дека ќе ме обезбеди и по неговата смрт. Но, наместо тоа добив нешто сосема поинакво.

- За тебе ќе направам сè што можам додека сум жив. Не сакам веќе да водиме вакви разговори, ми рече отсечно.

Бев повредена. Се чувствував многу глупаво. Наместо сама да се изборам и да најдам добро платена работа или човек кој не е зафатен, јас со години се потпирав на него. Во секоја смисла.

По неколку дена, во мене нешто се скрши. Дупката во срцето никој не можеше да ја пополни освен јас самата. Тогаш научив да се сакам себеси. Веројатно тоа ми недостасуваше и со претходниот маж.

Конечно сфатив што значи живот. Излегов од нашиот хотел и продолжив да се движам напред со крената глава. Никогаш повеќе не се завртев.“

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg