Да се биде сингл е тешко, но постојат и многу полоши работи

Да се биде сингл е мачно и понекогаш тешко, но дефинитивно не е најлошата работа на светот. Има далеку полоши работи од тоа да се појавите на роднинската свадба или слава без партнер.

Da-se-bide-singl-e-tesko-01.jpg

Романтичните филмови и книги, маркетинг индустријата, цела една сложена машинерија е создадена да ве убеди дека без љубов, животот не е комплетен.

Но, овие 10 работи се многу полоши од фактот дека сте без партнер:

1. Да се биде дел од мизерна врска

Стравот да се биде сам ве врзува за оваа врска со предзнак катастрофална.

Несреќни сте, раздразливи, физички и психички исцрпени и органски не можете да ја поднесете личноста која по правило треба да ви ги буди најубавите емоции.

2. Самозалажување дека сте среќни

Да, ова може да трае неколку недели па дури и месеци, но не можете да му избегате на внатрешното огледало. Може да се убедите дека сè е во ред и дека сте среќни, но вашите постапки, а најмногу погледот во очите, ќе ве издадат.

3. Да бидете зависни од некого

Љубовта не е исто што и зависноста од некого, поради основните потреби. Ја одржувате врската затоа што само така може да си дозволите да живеете одвоени од родителите? Без гајле, потребен ви е добар цимер, не лош дечко за да живеете независно.

4. Очајни за каков било дечко

Толку ви е смачено да бидете сингл, што ќе се согласите на каков и да било дечко. Критериумот е само да е жив и здрав. Не се продавајте толку евтино, вредите повеќе.

5.  Неверен партнер

Вие толку многу сакате да сте дел од врска, што успешно ги премижувате и оние работи кои сите потајно ги шепкаат позади вашиот грб – дека партнерот ве изневерува.

6. Несигурност во себеси

Постојано се преиспитувате и секогаш доаѓате до истиот заклучок – дека можете многу подобро и само доколку го смените уште тоа едно нешто, врската ќе тргне во подобра насока.

Врската која ве тера да ја преиспитувате својата вредност и да се чувствувате лошо и несигурно – е без врска.

7. Да се помирите со изборот

Погледнете наоколу и избројте ги паровите кои се просто несреќни поради тоа што се помириле со својот избор. Дали сакате да завршите уништени и пензионирани во најубавите години од вашата младост?

8.  Да не се познавате себеси

Некои велат дека е невозможно да се знаеме целосно себеси, други дека за тоа е потребно цел еден живот... но, едно е сосема сигурно – поголема е веројатноста да се спознаете себеси и своите желби сами, отколку со неуспешна врска.

9. Да се промените до точка на непрепознавање

Вие не сте истата личност од порано. Промената е добра само доколку води кон подобро.

Но, вие повеќе не сакате да излегувате, сега имате ист вкус за филмови како и партнерот, го делите истото хоби, иако ви оди на нерви. Личноста поради која есенцијално мора да се смените едноставно не е вистинската за вас.

10.  Да му бидете предадени на лош партнер

Сè што правите, го правите за неговата среќа и насмевка, а тој едноставно не го забележува тоа, ниту го цени вашиот труд. Да се биде сингл според некого е најголемата трагедија на денешницата, но овие работи се доказ дека сепак постојат многу полоши ситуации.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg