5 смртни гревови во врската

5-smrtni-grevovi-vo-vrskata-povekjeНа почетокот на врската и мажот и жената се трудат многу, но штом ја најдат сродната душа и се во врска подолго време, повеќето се опуштаат без размислување.


Ова се неколку работи на кои треба да бидете претпазливи. На сите ни е позната ситуацијата: возбуденост на почеток на врската, пеперутки во стомакот, заљубеност која после некое време се претвора во навика без возбуда затоа што повеќе и не се трудиме околу она што го имаме како на почетокот.

Што треба да избегнувате со цел искрите да не згаснат потполно:

1. Препуштање во сексуална рутина. Класично сценарио после некое време во врската е: Двајцата знаете кој што сака и слепо се држите до тоа затоа што не ви е до експериментирање. Треба да го правите спротивното – пробувањето нови работи во сексот ќе ја освежува вашата врска.

2. Преземање улога на мајка (за девојките). Мажот не е дете, а партнерката не е негова мајка. Често жените се слизнуваат од улога на љубовница во улога на мајка. Му купуваат гаќи на мажот, четка за заби, го кара, му закажува лекарски преглед, го потсетува да не вози пијан и прави сè она што некогаш го правела неговата мајка.

5-smrtni-grevovi-vo-vrskata

3. Заеднички одење во купатило. Сакате да гледате како тој врши нужда, чисти заби со конец, сече нокти или како таа се депилира? Во купатило секој би требало да влегува сам.

4. Истакнување на несовршеностите. Она за што зборувате со пријателите треба да остане меѓу вас. Нема смисла да коментирате на партнерот или партнерката за вишокот килограми, пораснатите влакна, пломбирање на забите... Никој не е совршен, но иако се решите да го споделите ова со партнерот внимавајте на начинот на кој ќе го направите и кажете тоа.

5. Ме гушиш, те гушам. Ова е најлош од сите гревови. Ако поминувате премногу време заедно, ќе изгасне страста. Кога луѓето почнуваат да живеат заедно, желбата и искрите полека се губат. Пожелно е да излегувате одвоено, да се дружите одвоено... Секој треба да има време за себе и своите потреби.

Имате нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg