Секс поза „лежечки полицаец“ – за максимална стимулација на Г-точката и оргазам кај партнерката (18+)
Со секс позата „лежечки полицаец“ нема да има потреба да изведувате акробатски секс пози за да постигнете максимална стимулација на Г-точката кај партнерката. Потребно ви е само да земете една перница.
Со оваа секс поза нема да имате потреба да изведувате акробатски движења за да го постигнете максималното уживање. Идеална е за деновите кога сте преморени и не сакате премногу да се препотите за време на интимните мигови.
Своето име го добила заради тоа што положбата на партнерите наликува на „лежечките полицајци“ што се поставуваат на патиштата за возачите да ја намалат брзината.
Партнерката треба да легне на стомак и да стави перница под колковите, а партнерот пенетрира одзади и се држи за колковите на партнерката.
Оваа поза во голема мера потсетува на кучешката, но, сепак е различна затоа што дозволува партнерите да се доближат повеќе еден до друг и да разменуваат нежности.
За да добиете подобра идеја погледнете ја илустрацијата:
Се смета дека со оваа секс поза партнерот многу полесно може да ја погоди Г-точката кај партнерката сместена во предниот ѕид на вагината.
Пробајте повеќе варијации на оваа секс поза и откријте што е она што најмногу ви одговара вам.
Б. С. Б. | Црнобело