8 правила за лакирање на нокти

8-pravila-za-lakiranje-nokti-povekjeКога ги лакирате ноктите оваа сезона, дозволени се сите колористични комбинации. Водете сметка само да го нанесете лакот уредно. Ова се правилата...


...како да го направите тоа. Олеснете си го домашниот маникир и целиот прибор за нокти држете го на едно место, во еден несесер.

Домашните работи вршете ги со ракавици.

Редовна примена на турпија

8-pravila-za-lakiranje-nokti

Ноктите растат 3 милиметри месечно. Поради одржување на просечната должина употребете турпија секои 15 дена.

Идеална должина

Еднаш кога ќе откриете која должина најмногу ви одговара, држете се до тоа. Ако често ја менувате должината, ја зголемувате опасноста од кршење.

Вечерна масажа

Секоја вечер масирајте ги со масло за зајакнување на нокти – така ја зајакнувате структурата на ноктите и ја омекнувате кожичката околу нив.

Неделен третман

Нема едноставен пат до уредни нокти, но тие и не бараат многу работа. Секоја недела средете ги заноктиците, најдобро е само да ги повлечете, а потоа нанесете лак.

Основа

Пред лакирањето, не го прескокнувајте основниот лак. Тој ги заштитува ноктите од лакот, без него тие лесно пожолтуваат , а ја продолжува и трајноста на лакот и го прави сјаен.  

Два слоја

Првиот слој на лак нека биде потенок, побргу ќе се исуши, а вториот нека биде подебел. Тој ја истакнува бојата.

Две недели

Ако имате тенки, кршливи нокти, првиот пат нанесете база, а вториот пат нанесете зацврстувач. Ако ги користете го двата постојано, ризикувате да ви се кршат ноктите.

Витаминска бомба

Во почетокот на есента консумирајте храна богата со витамини и олигоелементи.

Би можело да ве интересира:

9 модели на костими за капење кои ќе бидат хит во лето 2026 Бикини или монокини со контрастна трака веќе гледаме насекаде, но и модели во пу...
8 модни парчиња за тренди есенски комбинации Краток мантил наместо долг, кошула на риги, но и бермуди во комбинација со хулах...
Модели на фармерки што ќе доминираат во 2026-та (и 4 модели што се застарени) Тесните ѕвонарки со висок струк ќе бидат огромен хит, додека на премногу искинат...
Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Мила... Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...
Панталоните со „балон“ ногавици се меѓу најголемите (про)летни трендови – Како да ги комбинирате? (ф... Бидејќи нивниот облик е во фокус на аутфитот, треба да ги комбинирате со поеднос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg