8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадоци

Не користите спреј за измазнување на облеката

Пеглањето може да е напорно, особено ако ја вклучите пеглата на погрешна температура или ако облеката е премногу сува, па и покрај сите напори остануваат линии.

За да си ја олесните работата, можете да ја испрскате облеката со вода пред пеглањето или, уште подобро, да ја испрскате со средство кое ќе ја измазни.

Средството можете да го купите или да го направите самите: во 450ml вода ставете 1 лажица регенератор за коса и 1 лажичка алкохолен оцет.

Смесата ставете ја во шише со распрскувач и убаво протресете ја.

А, следниот пат пред да пеглате, испрскајте ја облеката, со рацете измазнете го парчето (за да се впие течноста), па дури потоа пеглајте го.

Во некои случаи облеката сама ќе се исправи, па нема да треба ни да ја пеглате.

8-voobichaeni-greshki-poradi-koi-oblekata-i-chevlite-se-unishtuvaat-brzo-i-zavrshuvaat-vo-kanta-za-otpadoci-07.jpg

Ставате неколку парчиња облека на иста закачалка

Закачувањето неколку парчиња облека едно врз друго е огромна грешка.

Ова нема да ви заштеди на простор и, уште полошо, дополнително ќе ја истутка облеката, па ќе ви биде потешко да ја испеглате.

Некои парчиња, пак, може да се развлечат, ако под нив има 3-4 други парчиња облека.

Наместо тоа, купете закачалки кои на една основа имаат неколку закачалки, па облеката ќе можете да ја редите една покрај друга.

8-voobichaeni-greshki-poradi-koi-oblekata-i-chevlite-se-unishtuvaat-brzo-i-zavrshuvaat-vo-kanta-za-otpadoci-04.jpg

Погрешно ги закачувате џемперите

Некои џемпери наместо здиплени, ги чувате на закачалки.

Но, знаете ли дека ако го префрлите џемперот преку закачалката, тој ќе се развлече и ќе ја загуби својата оригинална форма?

Наместо тоа, преклопете го џемперот на половина (ракав преку ракав), па така превиткан ставете го преку горниот дел на закачалката.

8-voobichaeni-greshki-poradi-koi-oblekata-i-chevlite-se-unishtuvaat-brzo-i-zavrshuvaat-vo-kanta-za-otpadoci-06.jpg

Замрзнете ги хулахопките за да ви траат подолго

Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да ги носите за да им го продолжите „животот“.

Натопете ги хулахопките во вода, па ставете ги во вакуумирана ќеса и оставете ги во замрзнувач преку ноќ.

Следниот ден извадете ги, одмрзнете ги и оставете ги да се исушат.

По ова, материјалот од кој се изработени станува посилен.

И секако, ако ви се направи дупка на прстите или меѓу нозете (на места каде што не се гледа), наместо да ги фрлите хулахопките, поминете на крајот од дупката со лак за нокти и така спречете да се прошири линијата.

8-voobichaeni-greshki-poradi-koi-oblekata-i-chevlite-se-unishtuvaat-brzo-i-zavrshuvaat-vo-kanta-za-otpadoci-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg