|
Девојките зад себе сигурно оставиле барем неколку распаднати барбики како доказ за детските игри. Но дали сте помислиле да ги зачувате деловите...
...и од нив да направите нешто повеќе од обично ѓубре? Веројатно не. Сепак до таква идеја дошола Margaux Lange, која прави накит од барби-делови и сребро.
Нејзината желба да претвора фабрички произведени материјали наменети за масовна употреба во оригинални рачни изработки ја поттикнала да прави накит од најпознатата кукла на светот, Барбиката.

Margaux вели дека пластичната поп принцеза ѝ била бесценета алатка за развивање на фантазијата како дете, но и дека ја задржала истата улога во нејзиниот живот и сега кога е возрасна.
Од опсесија во детството барбиките прераснале во основен материјал за работа, а Margaux се занимава со концептуалниот барби-накит веќе 10 години.
А каде е Барби, таму е и Кен, па ако сакате може да си купите и прстен со неговите стомачни мускули или алка од негови газиња.
|
Алки




|
|
Прстени




|
|
Ланчиња






|
|
Обетки




|
|
Брошеви




|
Би носеле ли нешто од нејзината колекција?
З.П. | Црнобело
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Креативни фризури за 2012...Ни се ближи новата година, а ако сакате да бидете во склоп на новите трендови, потребно е да имате изглед кој ќе ве прави поинакви од останатите.... Фустан за фановите на Икеа...Икеа е еден од најпознатите брендови кога станува збор за мебел. Луѓето во светот ја сакаат Икеа заради дизајнот на нејзините производи...
... Уметност на тело...Најпознатите светски убавици без ништо на себе освен логоата на легендарни рок групи...
...
 |