Што смее, а што не смее да си дозволи една дама

sto-smee-a-sto-ne-smee-da-si-dozvoli-edna-dama-povekjeНе е лесно да се биде жена од стил, но со малку труд и тоа се може. Таа се познава по непретенциозноста, но со совршен стил. Таа пред сè е образована и добро...


...воспитана и на тоа се засноваат одликите на нејзиниот физички изглед.

Вистинската дама не ја следи слепо модата, таа нема примери, таа добро се познава себеси. Таа е своја. Не блефира.

Затоа поимот дама не е старовремски. Вредностите кои се подразбираат се вечни и секогаш треба да ги има на ум.

Италијанската актерка Monica Bellucci е една од најпосакуваните жени, но и дама која во секоја прилика плени со својата префинетост.


Што има вистинската дама

Нежни рацеsto-smee-a-sto-ne-smee-da-si-dozvoli-edna-dama
Рацете негувајте ги континуирано. После секое миење намачкајте ги, а една неделно направете пилинг на рацете и ставете пакување. Ноктите намачкајте ги барем со безбоен лак.

Здрава коса
Косата пред сè мора да биде чиста, а потоа и негувана. Значи, редовното потстрижување е задолжително, не смеете да си дозволите процветани краеви. Ако се фарбате, правете го тоа со квалитетни бои за коса!

Убав тен
Не постои ситуација во која можете да си дозволите да не го исчистите лицето и наутро и навечер. Еднаш неделно направете пилинг, а ако можете, редовно посетувајте козметичар. Подобро е да се откажете од крпчиња отколку од убава кожа.

Здрави заби
За да се нема непријатен здив, забите мора да се мијат после секој оброк, а пред миење да се исчистат со забен конец. Посетите на стоматолог се подразбираат.

Секогаш чиста
Ако се претендира ако титулата дама, мора да се туширате секој ден, па и два пати во текот на денот. Облеката мора да биде совршено чиста и испеглана, а долната облека, квалитетна и во комплет. Парфем, не модрен, туку оној што личи на вас.

Умее да се шминка
Свечената шминка е за навечер, пристојната е за преку ден - кон тоа правило се држат дамите. Боите што ги наметнува трендот не доаѓаат во предвид ако не ви одговараат. И уште нешто – никогаш не ја поправајте шминката на јавно место.


Што нема вистинската дама

Силикони
Жената со стил нема ништо вештачко и претерано, а тоа се силиконите. Затоа немојте да бидете мрзеливи и цврстите гради одржувајте ги со вежби и со правилна нега. Големината не е важна, важно е како ги носите.

Нема подрасната коса
Никогаш немојте да си дозволите израсток. Тој детал праќа порака дека сте мрзеливи, неуредни и дека не се грижите за себе. А кој не е за себе, не е ни за другите. Ако се фарбате правете го тоа редовно!

Нема мустаќи
Редовно отстранувајте ги влакната од лицето и телото, а особено над усните, тоа е императив. Мустаќите се резервирани за мажите! Ако ги имате, редовно депилирајте ги и запомнете дека тие најмногу се гледаат кога ќе ставите пудра.

Нема тетоважи
Денес се многу популарни тетоважите и пирсингот, но такво нешто им доликува само на младите. Сега сте можеби млади, но младоста не е вечна. Ќе дојде ден кога вашата тетоважа ќе изгледа вулгарно.

Таа не се кити
Накитот не смее да биде крупен и воочлив бидејќи дамите носат само софистицирани парчиња накит. Секако, вистински накит, бижутерија не доаѓа во предвид. Ако не е дијамант, подобро е да го нема.

Нема закачени чорапи
Чорапите мора совршено да прилегаат на ногата и не смее да бидат закачени. Резервен пар секогаш мора да ви биде при рака. Заборавете на импровизации од типот „ќе го спречам пуштањето на котелец со лак за нокти“.

Би можело да ве интересира:

Дизајнерски фустани кои изгледаат многу подобро на актерки со облини отколку на манекенките на писта Моника Белучи, Никол Кидман и Деми Мур се само дел од познатите актерки кои подо...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
Модни комбинации со сива и црвена боја – совршени за студените денови Празничната црвена боја и неутралната сива се одличен спој за зимските комбинаци...
Уличната мода во Белград, преку папарацо фотки на српски Инстаграм профил Од кул чанти до лежерни аутфити, модата на белградските улици низ објективот на&...
Облека и модни додатоци со кои си додавате години (ако не ги комбинирате правилно) Црните фустани се класика со причина, но поради контрастот што го создаваат, мож...
„Вечен“ летен тренд – фустани со дезен на риги (фото) Женската омилена летна „униформа“ подразбира лесен, удобен фустан, а трендот кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg