ТВ икони на стилот
Ликовите од сериите се дружат со нас со години, уживаме да гледаме како се забавуваат, како се вљубуваат, но и како се облекуваат. Од време...
...на време се појавува лик со фантастичен стил што во секоја епизода нуди барем по еден деликатес за модните сладокусци.
Ова се најдобрите од нив.
Кери (Сара Џесика Паркер) од Sex and the City

Со изборот на облека и самоувереноста со која ја носеше, Кери ги претвори улиците на Њујорк во модна писта. Без сомнеж една од најголемите ТВ икони на стилот на сите времиња! А ако почнеме да зборуваме за чевлите...


Рејчел (Џенифер Анистон) од Friends

Златната средина меѓу здодевниот гардеробер на Моника и откачените комбинации на Фиби. Рејчел живееше за мода и не се трудеше да го скрие тоа. А тука е и фрузурата!



Џес (Зои Дешанел) од New Girl

Балетанки во јаки бои, шарени сукњички, ретро стил и многу слатки и ведри детали за пораснати девојчиња.




Блер и Серена (Лејтон Мистер и Блејк Лајвли) од Gossip girl

Иако ќе се снима серија за Кери во млади години, тешко дека ќе го надмине модниот бум што го предизвика ова дуо.

Џоен (Кристина Хендрикс) и Бети (Џенуери Џонс) од Mad man

Секси и секси.




