Модерни црно-бели комбинации и сребрени часовници
Иако топлите денови ни се наближуваат и сè повеќе сакаме да се облечеме во цветно шаренило, понекогаш вечната црно-бела комбинација е одличен начин да се одвоите од сите останати.

Одбирајте класични парчиња со чисти линии и уживајте во едноставноста оваа пролет!
Надополнете го изгледот со еден прекрасен сребрен часовник кој изгледа одлично во секоја можна комбинација. Металното ремче и квалитетниот часовник е нешто што никогаш не излегува од мода.
За лежерните дневни прошетки доволно е на себе да облечете едноставни пантолони и карирана кошула...
|
|
Додека пак за вечерните излегувања или деловни состаноци кошулата и панталоните надополнете ги со соодветна лептир машна.
|
|
Девојките нека одбираат лесни материјали и кошули во бела боја кои одлично одговараат со тесни пантолони и балетанки...
|
|
Додека пак за вечерните излегувања или деловни состаноци доволно е да го облечете малиот црн фустан.
|
|
Часовниците во секоја комбинација носете ги како единствен аксесоар кој ќе го одвлекува вниманието.
Часовниците од фотографиите можете да ги најдете во продажните салони на B-Watch.




