Ова лето во тренд се овошни нокти (фото)

Јагоди, лубеници, киви, цреши, но не зборуваме за нивниот сладок вкус, туку за еден специфичен маникир со кои вашите нокти ќе изгледаат забавно.

ova-leto-vo-trend-se-ovosni-nokti-foto-01

Внесете шаренило во летото со тоа што ќе ги употребите боите и дезените на сезонските овошја и направете си маникир од вашето омилено овошје. Внесете креативност и направете си ваши овошни нокти.

Ноктите со лубеница се прават многу едноставно. Нанесете црвен лак како основа. Краевите на вашите нокти финиширајте ги со зелена боја на лак. Над тоа, нанесете потемни зелени линии за да изгледа исто како кората на лубеницата, во стилот на францускиот маникир, а потоа на црвените основи нанесете црни точки кои ги претставуваат семките од овошјето.

Дизајнот со киви се прави лесно, но потребно е трпение. Нанесете зелен лак како основа на ноктите, а потоа на средината нанесете бела боја. Препорачливо е да користите четки за поголема прецизност. Можете да употребите и дрвени чепкалки со изострен шпиц кои ќе ви помогнат за поголема прецизност и со нив повлечете тенки линии меѓу кои ќе поставите црни точки. Ќе добиете интересни киви нокти.

Јагодите се едни од најинтересни и впечатливи кои даваат впечаток на забавна девојка. Овој тип на нокти се прави најлесно. Нанесете лак во црвена или розова боја како основа, а откога ќе се исуши на почетокот додадете зелена боја на лак за нокти која ќе изгледа како самиот врв на јагодите. На крајот ги додавате црните точки, односно семките од јаготките.

Можете и да си поиграте со дезените, па така наместо еден вид на овошје направете комбинација од повеќе.

Овошните нокти се дефинитивно голем хит и навистина одлично се вклопуваат со шарените летни фустанчиња.

Одберете го омилениот вкус и освежете се!

 

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Модниот стил на Дарио - Елегантни палта, впечатливи бои, џебни шамивчиња и вратоврски во тон Почесто носи кошули отколку блузи или џемпери, можете да го видите во различни к...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...

Најчитани неделава