Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Интересни летни маички кои можете да ги направите сами

Употребете ја вашата имагинација и од старите маичка направете си комплетно нова, уникатна и модерна маичка која ќе обожавате да ја носите.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-1

Со малку труд и креација вашата стара облека ќе добие нов изглед, а вие со сигурност ќе се издвоите од толпата и ќе го изразите вашиот стил и вкус за модата.

Додадете боја на белите маички, додадете тантела низ која ќе се проѕира дел од вашето тело, интересни или впечатливи нитни.

Сето тоа можете да го направите за кратко време, а денес издвоивме неколку интересни маички кои со сигурност ќе ве инспирираат:

1. Тантелата е секогаш одличен избор. На вашите секојдневни маички додадете тантела, а тоа можете да го направите додавајќи ја на средината или пак по краевите.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-001


2. Маичка со гол грб во облик на срце
. Оваа маичка е огромен хит и ова е нешто што морате да го имате. Истата се прави многу едноставно. Обложете ја маичката во форма на срце со украсена лента и зацврстете ја со лепило. Внатрешноста од срцето исечете ја со ножици.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-4

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-5


3. Златести копчиња.
Златести, сребрени, шарени и секаков вид на копчиња или нитни ќе изгледаат одлично на маичките. На вашата стара кошула или палто променете ги копчињата и ќе добиете целосно ново парче гардероба.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-6


4. Модерна џинс маичка.
Бидејќи џинсот е повторно во мода, пробајте да ја модернизирате вашата обична џинс кошула со тоа што ќе го отстраните целиот горен дел. Така ќе добиете кошула со голи рамена која изгледа секси и заводливо.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-7


5. Маичка со циркони.
Набавете впечатливи циркони или искористете некои делови од стар накит. Зашијте ги цирконите за кошулата онаму каде сакате и повторно добивате нова, модерна маичка или кошула.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-8


6. Омбре маичка.
Се прави многу лесно и потребни ви се два спреја во било која боја. Со потемниот спреј за ткаенина испрскајте го долниот дел од маичката, а веднаш над него измешајте и додадете од другата посветла нијанса на спреј.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-9

Би можело да ве интересира:

Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Уличната мода во Скопје, преку нова доза на папарацо фотки на македонски Инстаграм профил Oд плетени чанти како моден додаток до „опседнатост“ со риги, какви стајлинзи но...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Видови долна облека што парижанките ги обожаваат и ќе бидат хит во 2024-та Тантела, фустан од сатен кој наликува на секси ноќница... кои се модните трендов...
10 класични парчиња облека кои се хит со децении (а и денес) Поради таканаречената брза мода, трендовите се менуваат не само секоја сезона, т...
Што облекоа посетителите на втората вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Маја Панчева избра во спортско-елегантна комбинација, Моника Црнокрак се реши за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg