Совети за модерни жени: Како деловната облека да ви изгледа поскапо?

Без разлика дали допрва влегувате во бизнис светот или веќе имате работа, иборот во купувањето облека може да претставува претставува стреснa ситуација понекогаш.

soveti-za-moderni-zeni-kako-delovnata-obleka-da-vi-izgleda-poskapo-001.jpg

Појавувајки се секојдневно на работа со скапа и репрезатативна облека може да биде голем финансиски предизвик.

Сите знаеме дека првиот впчаток е многу важен, а еве и како да се прикажете во најдобро светло, а притоа да не потрoшите многу пари:

Дознајте кои се тие основни парчиња кои ви требаат и набавете ги

Размислете кој тип на облека најмногу одговара со вашето работно место. Барајте парчиња во сивa, црнa или тегет боја и бидете сигурни дека тој модел ви одговара. Секако мора да е лесен за комбинирање.

Ако работите во голема компанија одлучете се за блејзери и панталони со јасни линии, а доколку работите на поопуштено работно место тогаш побарајте добро сако и темни фармерки кои вам совршено ви одговараат.


Не купувајте неонски бои

Најдобар трик со кој вашата гардероба ќе изгледа поскапо е да ги избегнувате неонските бои затоа што тие изгледаат евтино.

Бирајте неутрaлни бои како што се тегет, беж, сиви и земјени нијанси. Црната боја не мора да биде задолжителен избор, а овие неутрални бои сигурно ќе изгледаат многу поубаво од силните.


Не купувајте нападни принтови

Држете се подалеку од минливите трендови како што се нападните принтови, затоа што многу брзо ќе излезат од мода, за разлика од неутралните бои.

Избегнувајте да купувате евтини парчиња облека со принтови затоа што лошата комбинација нема да изгледа елегантно.


Не купувајте ништо светкаво

Причините за ова се исти како и за претходните две потточки, евтините парчиња од сјаен материјал, често оставаат впечаток на евтин изглед.

Ако споредите светкав фустан кој чини 5 пати повеќе од некој друг, разликата ќе ви биде јасна.


Не купувајте ништо што не ви прилега

Ако не ви одговара моделот или големината на некое парче облека немојте да го купувате. Не важно колку е ниска цената, ова купување никако не се исплати.

Би можело да ве интересира:

Тренди комбинации со црн фустан, идеални за лето Носете го со бела маичка, со каубојски чизми или со сандали со мала потпетица. ...
Матурантка од Струмица блесна во креација од Златко Јовановски со 2.500 монисти: „Сакаше корсет како... „Фустанот беше нарачан уште во јануари. Катерина ми кажа дека отсекогаш на ...
Шик есенски аутфити ако немате идеја како да се облечете во преодниот период (фото) Кафеави и сиви тонови, слоевито облекување, долги блејзери врз широки панталони ...
Весна (61), стоматолог од Куманово, модно издоминира меѓу посетителите на Моден викенд Скопје 2026 Од плишани ракавици и масивен прстен до шапки и нокти со специјални украси, Весн...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...
Работи што не треба да ги фрлате од гардероберот (дури и ако одамна не сте ги носеле) Модата се враќа, па ако некои парчиња облека сега ви делуваат застарено, најверо...

Најчитани неделава