Кирил Ангелов: „Три години живеев во Брисел - градот на можности, но и град со мирис на урина, нечистотија и криминал“

Времето и отпадот

За некој кој не сака облачно и врнежливо време, тогаш Брисел не е добра дестинација за живеење и работа.

Можат сите четири годишни времиња да се сменат во еден ден. Од силен и пороен дожд, до ветришта, сонце, и снег. А ние од југот не сме навикнати на такви промени, па затоа најмногу ја чувствуваме таа промена.

Има само еден месец од летото кој е топол, но ништо од она што е во Македонија. Просечните летни температури достигнуваат до околу 25 степени.

Kiril-Angelov-Zhivotot-vo-Brisel-e-poln-so-mozhnosti-no-nikoj-ne-saka-da-zboruva-za-negovata-temna-strana-05.jpg

Покрај времето што не е во наша контрола, постои отпадот кој и тоа како е обврска на градот. Тоа е впрочем и еден од најголемите проблеми со кои Брисел се соочува.

Собирањето на отпадот од домаќинствата се случува двапати неделно за белите вреќи и еднаш неделно за жолтите, сините и портокаловите вреќи. Ова се однесува на отпадот од домаќинствата, но познато е нешто како „нелегален отпад.“

Собраниот нелегален отпад прогресивно расте во последните години. Нелегалниот отпад собран од Брисел се зголеми за 30% помеѓу 2017 и 2021 година. Ова се однесува на отпад кој е собиран по улиците и расфрлан од самите граѓани на главниот град.

View this post on Instagram

A post shared by Clean Walker Belgique (@cleanwalkerbe)

Нечистотија и бездомници

Нечистотијата во Брисел не е само во расфрланиот отпад. Да, многу е неубаво да се видат купишта отпад оставени на секој чекор (имајќи предвид дека Брисел е главен град на Европската Унија и како таков треба да поставува соодветни стандарди), но исто така непријатно е на секој чекор, во најатрактивните делови, постојано да мириса на урина.

Ова е резултат поради лошата канализација, а исто така и бездомниците кои живеат на секој чекор. Не знам колку пати имам забележано бездомници (или едноставно пијани граѓани) кои уринираат на ѕидови од катедрали, во грмушки, среде пат.

Нема вреднување на градби од историско и културно наследство, ни улици, ни објекти. Па, затоа некако им е дозволено на сите да прават што сакаат.

Според најновите статистики, бездомното население во и околу Брисел нагло се зголеми на нов рекорд од 5.313 луѓе, според податоците од пописот во ноември 2020 година. Тоа е зголемување од 27,8%, а бројот на малолетни деца кои живеат во бездомништво е зголемен за 50%.

Бездомниците најчесто преноќуваат во метро станиците, каде може да се видат во рачно изработени скривалишта од кутии и ќебиња. Некои од нив земаат и душеци кои ги редат во метрото и таму спијат, живеат, егзистираат.

Не е толку безбедно да се шета навечер по метро станици. Но, јас сум човек кој длабоко го интересираат животни приказни, па затоа имав шанса да позборувам со неколку млади бездомници. Запознав луѓе од Блискиот исток, од Романија, Бугарија, Турција, и многу други земји. Сите ми го кажаа истото.

Дошле во Брисел за подобар живот, за само градот на студот да им ги уништи сите соништа, да им одземе сè, и да ги остави на улица. Животни приказни диктирани од држава која не се грижи.

Постои силен расцеп помеѓу Фламанците на север и Валонците на југ, а тоа е особено видливо во главниот град. Антагонизмот помеѓу овие две култури е повеќе од  очигледен.

Сигурен сум дека да беше Белгија на друго место, одамна ќе беше уништена. Впрочем тука се гледа и контрадикторноста на нештата за кои Белгија се залага и им го наложува на останатите, а го нема средено во сопствениот „двор“.

https://www.instagram.com/p/CizcgADs6lO/

Брисел не е Белгија, па затоа неблагодарно е да се каже дека има само лоши работи во оваа земја. Имено, убавината на Белгија е надвор од Брисел, во другите градови.

Тука се дијамантскиот Антверп, мистичниот Гент и бајковитиот Бриж.

Сите со своите посебности ја прикажуваат вистинската слика на северот, и му го чистат образот на Брисел. За да се доживее таа белгиска уникатност треба да се излезе надвор од Брисел, и се чини како да влегувате во сосем друга димензија.

Kiril-Angelov-Zhivotot-vo-Brisel-e-poln-so-mozhnosti-no-nikoj-ne-saka-da-zboruva-za-negovata-temna-strana-06.jpg

Запознав рој Македонци (а и Балканци) додека бев во Брисел; и сигурно 90% од нив раскажуваа како им недостасува сè од дома, но поради подобар живот, морале да се преселат.

Сите ние го правиме тоа, за да можеме да обезбедиме на нашите најблиски. Но по која цена?

Балканот е изобилие од култура, една слоевита географска област на која може само да ѝ завидуваат, каде луѓето покрај своите мани се сепак топли и гостопримливи. А за подобар живот и поради сиромашна средина која е библиска, одиме во средина која ти дава сè, но само топлина не.

Kiril-Angelov-Zhivotot-vo-Brisel-e-poln-so-mozhnosti-no-nikoj-ne-saka-da-zboruva-za-negovata-temna-strana-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg