Најубавите скриени села во Европа

6. Chassignolles, Франција

Популарно е за марсејската елита, но со својата живописна природа, ги привлекува сите кои сакаат да се почувствуваат посебно и да вдишат од свежиот воздух, додека го избегнуваат метежот во градовите. Има останати цркви уште од 12.век, архитектурата е интересна, а храната неодолива.

Каде да се сместите:Chassignolles е на половина пат меѓу Clermont Ferrand и Le Puy-en-Velay.

Каде да се сместите и што да јадете: Во Auberge de Chassignolles ($58 долари), а може да јадете во неговиот ресторан.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-6.jpg



7. Folégandros, Грција

Ова село нема ништо заедничко со Санторини кој се наоѓа во негова блчизина. Нема големи бродови или објекти со повеќе од два ката, ниту бутици и модерни ресторани. Овде може да најдете само прекрасни плажи и високи карпи. Тивко и совршено за бегство од големите градови.

Како да стигнете: Слетајте со авион во Санторини.

Каде да се сместите: Хотелот Anemi е модерен и одговара на потребите на секој, а се наоѓа блиску до сите места кои би посакале да ги посетите.

Каде да јадете: Ресторанот Irini’s е место со домашно готвена храна.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-7.jpg



8. Giornico, Швајцарија

Шармантно место во јужниот дел на Швајцарија каде ќе се почувствувате како да сте се вратиле во некое далечно време. Низ него поминува мала река над која има мост. Во негова близина се наоѓаат локални ресторани наречени гроте и во нив се служи традиционална полента и локално вино Мерлот.

Како да стигнете таму: Од езерските ресорти има возење кон север во траење од околу 50 минути.

Каде да се сместите: Има хотели во Giornico, а најблизок е розевиот хотел Giardino ($400 долари за двајца)

Каде да јадете: Grotto dei due Ponti е ресторан со тераса која ви нуди поглед на реката.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-8.jpg



9. Getaria, Шпанија

Совршено место особено во летниот период. Доколку не ги сакате популарните шпански места, ова е одлично место за да откриете нешто ново.

Како да стигнете таму: Getaria е на 24 километри западно од San Sebastian.

Каде да се сместите: Во Saiaz Getaria ($115 долари за двајца) со поглед на плажата Gaztetape.

Каде да јадете: Задолжително резервирајте си маса во ресторанот Elkano кој е еден од најпознатите во Шпанија.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-9.jpg



10. Marvão, Португалија

Интересно планинско место лоцирано во областа;Alentejo во Прортугалија. Комплекс од карпи на кои може да имате прекрасни пејзажи или да се препуштите на некои екстремни авантури.

Како да стигнете таму: Со автомобил од Лисабон

Каде да се сместите: Хотел со 31 соба и ресторан е Posada Santa Maria ($102 долари за двајца), а има и куќи кои нудат приватно сместување.

Каде да јадете: Вкусна супа може да пробате во Varanda do Alenejo.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-10.jpg

Сте посетиле некое од овие села?



Би можело да ве интересира:

Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg