Викенд предлог
Предлог: Беровско езеро

vikend-predlog-berovsko-ezero-povekjeАко сакате да избегате од секојдневието, градскиот метеж, рутината и да допрете до себе си, идеално место во Македонија е Беровското езеро. Овој дар...


...на природата е изграден во 1971 на Ратевска река на 6 км. југоисточно од Берово. Браната е лачно бетонска со висина од 46 м. и се наоѓа на кота од 1000м надморска висина.

vikend-predlog-berovsko-ezero-1

Езерото е како дар од боговите - да дојдат луѓето и да го почувствуваат мирот и спокојството. Скриено меѓу високите планини на Малешевијата, зеленилото, пријатната клима, буковата шума ви дава чувство на недопрена убавина која вреди да се види и доживее. Заради високата концентрација на кислород многу посетители доаѓаат за да ги наполнат батериите и за рехабилитација.

vikend-predlog-berovsko-ezero-2

Најзастапени се следниве видови риби: пастрмка, крап, клен а од пред некоја година црвеноперка и костреж. Одличен е за љубителите на риболов и рекреација.

vikend-predlog-berovsko-ezero-3

Овој предел се карактеризира со свежи лета и студени зими. Пријатната клима го прави овој крај идеално прибежиште во летните периоди. Околу езерото има викендици кои се издаваат во текот на цела година.

vikend-predlog-berovsko-ezero-4

Неколку ресторани кои приготвуваат добра риба и имаат магичен поглед кон езерото за одмор како на очите така и на душата и телото.

vikend-predlog-berovsko-ezero-5

Престој од само еден ден на ова место може да предизвика огромна психичка и физичка благосостојба која не можете да ја добиете на секое место.

И благодариме на Станка Карајанова за предлогот за овој викенд.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најдобрите ќе бидат објавени.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Село Велестово - ОхридскоСело Велестово - Охридско...
Ако сте во Охрид и сакате да ја доживеете поубаво околината, нема да зажалите ако го посетите Велестово. Селото Велестово се наоѓа на источната.....
Предлог:Винарија Попова КулаПредлог:Винарија Попова Кула...
Во овие топли денови, кога не ви се седи во градската жештина, вистинско време е да се прошетате. Нас патот не одведе кон Демир Капија, во посета...
Викенд идеја: Брана ЗлетовицаВикенд идеја: Брана Злетовица...
За оваа заспана убавица ретко кој има слушнато. До пред само една година и се восхитуваат само упорните планинари, а денес со изградбата на... ...
Коментари (5)Add Comment
...
напишано од mirjanka, 29 July 2011
Preubavo, ah, kolku mnogu ubavini ima nasata mala Makedonija. Pri kraj na avgust sigurno ako ne poveke 2-3 dena ke go posetam i ova prekrasno mestence......
..., Коментар со низок рејтинг [Прикажи]
...
напишано од VN, 22 July 2011
da gi davate vo cetvrtok predlozite smilies/smiley.gif
...
напишано од aaa, 22 July 2011
predlog: brana gradce kocani
...
напишано од :), 22 July 2011
Vikend predlog vi se edni od najdobrite statii .Bravo!!!

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Конечно сфатив дека единствената причина да се биде жив е да се ужива во тоа. "
Рита Меј Браун (1944- )