„Со рецепционерите, вработените кои паркираат автомобили и носат куфери до соба се чувствував како да имам лични асистенти, но се очекува да им дадете бакшиш, а ова набрзо може да достигне висока сума кога ќе земете предвид колку луѓе ви помагаат. Во бањата ќе ве пречекаат многу продукти – од лосион за тело, до прибор за шиење, а неретко ќе добиете и по некој подарок од хотелот“ - раскажува девојка за искуството во луксузни хотели во Канада и Аспен, каде платила околу 500-800 долари од ноќ.