На што сѐ мислат бремените жени кога ќе започнат породилните болки?

Породувањето е интересно искуство, бидејќи од една страна жената е возбудена поради тоа што се ближи мигот кога за првпат ќе го здогледа своето бебе и ќе стане мајка, а од друга страна жената е престрашена од она што допрва доаѓа.

na-sto-se-mislat-bremenite-zeni-koga-kje-zapocnat-porodilnite-bolki-1

Колку и да се трудите, сепак не можете во целост да го испланирате настанот кој доаѓа, односно породувањето.

Без разлика дали сакате природно породување или ги сакате сите лекови кои постојат, на сите идни мајки овие работи им поминале низ глава во моментот кога започнале породилните болки:

1. „Дали ми прсна воденикот или мокрев?”

Веројатно веднаш ќе почнете да пребарувате низ Google за да ја дознаете разликата помеѓу истекување на плодовата вода и урината, но и ќе започнете со проверување на долната облека.


2. „Можам ли да го одложам за следната недела?”

Бидејќи немате целосно испланиран распоред, вашето бебе ќе сака да излезе во мигот кога ви треба туширање, а и косата секако планиравте да ја измиете.


3. „Колку време помина од последната депилација?”

Сигурно поминало некое време, но таа задача секако ја оставивте за последниот ден. Вие не ни можете да видите што треба да се депилира, но како и да е за неколку часа последно што ќе ви биде на ум се влакненцата на нозете.


4. „Ова е многу поедноставно отколку што си мислев.”

Веќе се слушнавте со најдобрите пријатели, вашиот партнер трча наоколу, а болките не се чести. Никаков проблем.


5. „Мојата вагина стана туристичка атракција.”

Медицински сестри, бабици, гинекологот, сите се тука и гледаат што се случува. Во овој миг, се чувствувате како сите да ја имаат видено вашата вагина, но вам воопшто не ви е непријатно.


6. „Кога ќе смислите поедноставен начин за ова?”

Болката е сѐ поголема, но вас не ви е јасно како е можно да е 21 век, а сѐ уште никој да нема измислено едноставен начин, односно безболно породување, после кое ќе изгледате свежо и ќе се чувствувате одлично.


7. „Ако уште некој ви каже дека ви оди супер...”

Ќе полудите, бидејќи ако ви оди толку добро, тогаш од каде таа болка? Зошто не е готово како на сапунските серии? 

Би можело да ве интересира:

Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg