10 Реченици кои самохраните родители не сакаат да ги слушнат

Да се биде родител е тешка работа, а да се биде самохран родител е уште потешко.

10-recenici-koi-samohranite-roditeli-ne-sakaat-da-gi-cujat-1

Овие самохрани мајки и татковци ги играат улогите на двајца родители, без никаква дополнителна помош, а нивната работа е отежната со разните коментари кои им се упатуваат.

Ако сакате да им го направите поедноставен животот на овие самохрани родител, заборавете на овие реченици:

1. „Дали се обиде да го спасиш бракот?”

Вистинскиот одговор кој би го добиле: „Не. После првата кавга му се јавив на адвокатот за разводи. Инаку првата кавга беше околу тоа кој да ги измие валканите садови”... Совет број 1: едноставно не прашувајте за минатото.


2. „Твоите кутри деца мораат да растат без маж во нивниот живот.”

Покрај нивните дедовци, чичковци, учители и секако нивниот татко, сигурно е дека децата ќе бидат добро.


3. „Жално е, на децата им се потребни двајца родители.”

Би го кажале тоа на самохран родител, ако еден од партнерите починал?


4. „Сигурно ви е полесно вака, бидејќи се одморате од децата кога се кај другиот партнер.”

Одговорот кој би го добиле: „Точна така. Многу е добро кога ќе чујат дека децата се разболеле, бидејќи секоја недела ги влечкале од еден до друг дом.”


5. „Имаш среќа, бидејќи немаш со кого да се расправаш по дома.”

Верувале или не, но и разведените двојки сѐ уште живеат во кавги.

single-dad-with-kids

6. „Твоите деца ќе имаат сериозни проблеми кога ќе дојдат во прашање врските.”

Зарем имате кристална топка во рацете? Ако е така, кажете нешто повеќе околу овие деца.


7. „Заштити се добро, за да немаш уште некое дете.”

Најлошата можна реченица е токму оваа. Веројатно и тие кои ја кажуваат треба да размислат околу тоа прашање.


8. „Ајде де, да се биде самохран родител не е толку тешко.”

Ако вие не сте самохран родител, тогаш не кажувајте работи кои не ги познавате доволно.


9. И јас не можам да останам во врска. Мојот партнер патува многу.”

Тоа е целосно различно, па така подобро е да не правите споредби од ваков вид.


10. „Можеш ли да си го дозволиш овој живот?”

Ретки се тие родители кои можат да си го дозволат овој начин на живот, па доколку не побараат од вас помош, подобро и не прашувајте како успеваат.

Имате ли и вие ваши примери? 

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg