Зошто по породувањето, трудничкиот стомак не исчезнува веднаш?

Да, точно е, стомакот на бремените жени не исчезнува веднаш. Тоа е тема за која малку се зборува, но вистина, иако бебето е веќе родено, вашиот стомак сѐ уште по малку изгледа како да сте бремени.

zosto-po-poroduvanjeto-trudnickiot-stomak-ne-isceznuva-vednas-01.jpg

Сигурни сме дека тоа ви звучи малку страшно и се прашувате зошто се случува.

Постојат многу причини за тоа, но една од поголемите е дека вашата матка која мора да се истегне за време на бременоста не се враќа во природната големина веднаш по раѓањето дете.

Постојат многу фактори кои влијаат на брзината на овој процес – тежината за време на бременоста, годините, генетичките фактори, колку големо било бебето, активноста, исхраната, доењето и дали бебето е родено по природен пат или со царски рез. Исто така, зголемената матка е поочигледна кај ситните жени отколку кај другите.

На вашата матка ѝ е потребно време за да се врати во нормална состојба – понекогаш тоа е и до 2 месеци. Важно да се напомене е и фактот што вашите стомачни мускули биле истегнати 9 месеци. Тоа се случува суптилно, ден по ден и промените се толку мали што не можете да ги видите па затоа им е потребно исто толку време за да се вратат во првобитна состојба.

Иако правите вежби за зацврстување на торзото, сепак може да ви бидат потребни месеци за да ги вратите абдоминалните мускули онака како што биле пред бебето.

Некои жени успеваат да го избегнат овој феномен, но ретки се случаите кои и имаат рамни стомачни веднаш по раѓање дете и нема шанси однапред да знаете дали и потоа ќе имате труднички стомак пред да се породите.

Најдобриот совет кој може да ви го дадеме е да се опуштите – 99% проценти од жените немаат стомачни веднаш по раѓањето бебе. И тоа е комплетно во ред. Тоа е сосема нормално. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg