Зошто мајките се најдобри личности на светот?

„Господ не може да биде насекаде, па ги креирал мајките“. Овие прекрасни зборови се чиста вистина.

5 prichini zoshto majkite se najdobri na svet 01

Ако сакаме да се обратиме кај некого, без разлика колку години имаме и каде сме, нашата мајка е секогаш тука за нас.

Еве пет причини зошто вашата мајка е најдобра на свет:

Таа знае сė

Колку често сте дошле во ситуација во секојдневието во која мајка ви само со еден поглед ве утешила? Таа знае да ви го каже точно тоа што треба за вашата моментална емоционална состојба или за што било.

Колку и да глумите пред неа дека сė е совршено, тоа кај неа едноставно не поминува. Таа има пат до вашиот ум и срце. Со еден интензивен поглед прави да ја отворите душата пред неа. Никој нема толкава количина љубов за вас и зборови полни утеха.

Таа е секогаш во право

За вашите одлуки во животот или пак за изборот на пријатели и партнер, испаѓа дека таа е секогаш во право.

Многу често не се согласувате со неа веднаш и не сфаќате дека не сте во право, поради преокупираност со сами себе или поради гордост, но на крајот доаѓате до точка во животот каде ќе сфатите дека таа била во право речиси за сите работи и секогаш ќе биде. Мајка е мајка!

5 prichini zoshto majkite se najdobri na svet 02

Таа е најкул и најдобрата другарка

Признајте, вашата мајка ви е најдобриот пријател засекогаш. Без разлика дали сте возбудени околу новото унапредување на работа или пак сте депресивни поради неодамнешното раскинување со партнерот, еден интимен разговор со неа може да ви ја зголеми радоста и намали тагата.

Таа со вистинските зборови ве враќа на нозе и ви ги претставува работите така што веднаш ви мами насмевка на лицето.

Таа е синоним на несебична и безусловна љубов

Ако постои една работа која останува непроменета до крајот на животот, тоа е љубовта на мајката. Длабока и чиста, нејзината љубов е неверојатна. Таа е некој што секогаш очекува среќа за своето дете повеќе од сė.

Колку сте среќни што сте цел на така безусловна љубов. Секој пат кога се враќате дома, чувството е неверојатно, зарем не?

Без разлика колку години имате, секогаш ќе бидете чедото на мама

Како растете, така се собираат обврските и сериозните работи во животот и го губите детето во себе, оној дел кога сте биле безгрижни, слободни и радосни.

Но, постои место на светот на кое повторно можете да бидете дете, а тоа е пред вашите родители. Неограничената љубов, внимание и грижа на мајките прави да се чувствувате како дете и да уживате барем накусо во таа улога.

Кога стануваме возрасни, мајката ја земаме здраво за готово и не подзастануваме да размислиме за вредноста на нејзината љубов. Единствен начин да ѝ се оддолжиме е барем малку да ѝ посветиме дел од своето време и љубов.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg