9 работи кои родителите треба да ги знаат за да ја зачуваат безбедноста на малите деца


9 работи кои родителите треба да ги знаат за да ја зачуваат безбедноста на малите деца

Повеќето родители на дечиња кои се на помала возраст (1-2 години) се соочуваат со вистински предизвик кога станува збор за безбедноста на бебето.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-01.jpg

Понекогаш навистина не е лесно да се внимава на сè, а секако, никој не сака да се случи нешто што би било опасно.

За среќа, постојат многу споделени искуства и совети кои им помагаат на новите родители во чувањето.

Следете ги следниве неколку совети ако сакате вашето дете да биде безбедно:

Не ставајте непотребни работи во креветчето на детето

Никогаш не ставајте вишок перници и кебиња во креветчето, колку и да е мало детето, не можете да знаете како размислува, па не ризикувајте и тргнете ги сите непотребни работи од креветчето.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-02.jpg

Искористете ја ролната од тоалетна хартија за да ги тестирате играчките

Иако некои играчки кои може да предизвикаат гушење кај децата се ограничени со возраст, сепак подобро е кога и сами ќе се уверите во тоа.

Трикот е следниот – ставете ја играчката во празна ролна од тоалет, ако се совпадне – постои можност да се заглави во грлото на детето ако случајно ја голтне. Не ризикувајте!

Не го оставајте детето без надзор

Дремката на вашето малечко не е шанса за вие да се искрадете и да поминете време сами, притоа оставајќи го и него само.

Тие се малечки и лесно може да се повредат. Секако, не мора да мислите на тоа постојано, но бидете внимателни, бидејќи понекогаш е доволна 1 секунда невнимание за ситуацијата да стане опасна.

Па, или набљудувајте го детето додека вие правите некоја друга активност, или поставете уреди за снимање со што ќе го надгледувате од друга соба.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-03.jpg

Заштитете го домот

Ова треба да го направите уште пред да се роди детето, бидејќи има многу работи кои детето кога ќе потпорасне може да ги стави во уста, да ги допре, да се удри од остри краеви или да скрши нешто.

9-raboti-koi-roditelite-treba-da-gi-znaat-za-da-ja-zachuvaat-bezbednosta-na-malite-deca-04.jpg

Уште 5 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Патувања на кои треба да одите со вашите деца пред да станат полнолетн... Сите родители се согласни дека децата растат многу брзо. Додека да трепнеш, тргн...
Животот без и со деца: Колку се менуваат луѓето откако ќе станат родит... Факт е дека животот пред да имате деца драстично се разликува од животот со деца...
10 Работи кои НЕ треба да ги правите за вашите деца Сите сакаме да им овозможиме на нашите деца сè најдобро. Сакаме тие да ги имаат ...